Литиум,титаниум, графит, ураниум. Ова се дел од ретките минерали кои Украина ги поседува во изобилие, а за кои се интересира САД.
Да видиме зошто тие минерали за важни и каде се користат?
Литиумот се користи за производство на одбранбена електроника и напредна комуникациска опрема.Ураниумот и титаниумот се применува во воената технологија. Графитот има големо влијание во електрониката и производството на литиум јонски батерии, а циркониумот за ракетната технологија.
Со овие минерали се произведуваат борбени авиони, напредно оружје,вселенски летала, ракетни и радарски системи. Важни се и за производство на обновливи извори на енергија.
Големи резерви
Во Украина има околу 19 милиони тони резерви графит или шест проценти од светските резерви, 1-2 проценти од светските резерви на литиум и ист процент на титаниум.
Но оваа држава не располага со доволни капацитети за рафинирање на ретките суровини. Дополнителен проблем е што дел од производствените капацитети се наоѓаат на територијата која е под руска контрола.
САД со пристапот до украинските минерали и суровини сака да ја намали зависноста од Кина и Индија.
“Ние навистина ќе бидеме партнери со Украина во однос на ретка земја. Многу ни е потребна, а тие имаат голема ретка земја”, изјави претседателот на САД Доналд Трамп.
Што треба да содржи договорот со САД
Иако по последната тензична средба во овалната соба се чинеше дека барем на кус рок од договорот за експлоатација нема ништо сепак работите се променија. Само неколку часа откако Трамп ја сопре помошта за Украина, Зеленски повторно изрази желба да се најде на преговарачка маса. И да го потпише договорот кој на САД ќе им овозможи пристап до ретките минерали и суровини.
Нацрт договорот меѓу другото предвидуваше формирање на фонд со средствата од заедничката обработка на ретки минерали. Трамп имаше идеја Украина со нејзините приходи од експлоатацијата да учествува во фондот додека не се достигне приближно износот кој го има добиено како американска воена помош. Во договорот нема гаранции за воена туку за екононска безбедност на Украина. Ставот на САД е дека присуството на американски компании кои би ги експлоатирале минералите ќе биде доволна безбедносна гаранција за смирување на воените дејствија.