КУЛТУРА
2 мин читање
ТРТ Ворлд добитник на четири награди на Њујорк Фестивалски ТВ и Филмски награди 2025
На ова натпреварување, кое спаѓа меѓу најпрестижните во светот на медиумите, ТРТ Ворлд повторно го потврди својој успех во различни области, од истражувачко новинарство до меѓународни односи, актуелни настани и категории за промоци
ТРТ Ворлд добитник на четири награди на Њујорк Фестивалски ТВ и Филмски награди 2025
Златниот Тулпан беше доделен на нашиот документарен филм „Свето искупување“ (Holy Redemption) во категоријата Истражувачко новинарство / AA
23 мај 2025

ТРТ Ворлд на Њујорк Фестивалот на ТВ и Филмски награди 2025 (New York Festivals TV & Film Awards 2025) доби четири престижни награди. 

На ова натпреварување, кое спаѓа меѓу најпрестижните во светот на медиумите, ТРТ Ворлд повторно го потврди својој успех во различни области, од истражувачко новинарство до меѓународни односи, актуелни настани и категории за промоција.

Златниот Тулпан беше доделен на нашиот документарен филм „Свето искупување“ (Holy Redemption) во категоријата Истражувачко новинарство. Истиот проект доби Сребрен Тулпан во категоријата Меѓународни односи. 

Во документарецот Свето искупување, екипата на ТРТ Ворлд се инфилтрираше меѓу илегалните радикални еврејски доселеници на Западниот Брег, добивајќи ексклузивни и шокантни снимки кои ја документираат систематската кражба на земјиштето на Палестинците. Проектот ја прикажува оваа динамика преку храбар новинарски јазик, истакнувајќи ги прекршувањата на човековите права, предизвиците со кои се соочуваат цивилите во регионот и како меѓународното право се игнорира.

Во категоријата за Промоција на новинарски програми, Сребрен Тулпан беше доделен за ТРТ Ворлд Промо Годишница (TRT World Anniversary Promo), кој беше подготвен по повод 9-годишнината на каналот. 

Овој промотивен филм визуелно го пренесе контекстот и визијата на каналот на силен и впечатлив начин.

Другиот Сребрен Тулпан беше доделен за документарецот Јемен: Третата граница (Yemen: The Third Frontier) во категоријата Актуелни настани. 

Овој проект ги откри хуманитарните аспекти на продолжените конфликти во Јемен и ја осветли невидливата страна на војната. Екипата на ТРТ Ворлд обезбеди специјален пристап до првиот брод одземен од Хутите, Глакси Лидер(Galaxy Leader), доносувајќи шокантни снимки од жешките точки на конфликтот, пренесувајќи ги драматичните проблеми како што се зголемената глад, тешкотиите во пристапот до здравствени услуги и недостатокот на хуманитарна помош во Јемен.

Овој успех повторно го потврдува влијанието на ТРТ Ворлд на глобалната медиумска сцена и покажува дека продолжува да ја пренесува својата висококвалитетна новинарска визија до светската јавност.


Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us