Извршниот директор на Спејс Икс (SpaceX) Илон Маск изјави дека приоритет му е визијата за животот на Марс, додека неговиот ангажман во Одделот за владина ефикасност (ДОГЕ) во администрацијата на американскиот претседател ДОналд Трамп завршува.
Во интервју за „Фокс њуз“, Маск ги сподели резултатите од истражувањето на тимот на ДОГЕ за владини „измами“, а потоа ја прошири својата идеја за колонизација на Марс како „животно осигурување“ за човештвото.
„Марс е животно осигурување. На крајот, целиот живот на Земјата ќе биде уништен од Сонцето. Сонцето постепено се шири, и затоа на некој начин ќе мора да станеме мултипланетарна цивилизација, бидејќи Земјата ќе биде уништена“, рече Маск во интервјуто.
Сонцето, ѕвезда со радиус од околу 700.000 километри, на крајот ќе ја потроши целата своја енергија и ќе се прошири во црвена „џиновска ѕвезда“ кога ќе почне да умира, покажуваат податоците од американската вселенска агенција НАСА.
НАСА забележува дека црвената „џиновска ѕвезда“ би можела да стане доволно голема за да ги проголта Меркур, Венера, па дури и Земјата, иако научниците предвидуваат дека животниот век на Сонцето ќе трае уште пет милијарди години.
Маск објасни дека неговата визија за Марс не е само слетување на планетата, поставување знамиња и оставање отпечатоци, туку целта е да се создаде „самоодржлив“ град.
„Фундаменталната точка од која зависи судбината на животот е Марс да биде доволно самоодржлив и способен да расте сам, дури и ако бродовите за снабдување од Земјата престанат да пристигнуваат, без оглед на тоа дали тоа се должи на исчезнување на цивилизацијата во некоја катастрофа или на мирен начин“, рече Маск.
Во објава на Ix во март, Маск објави дека „SpaceX Starship“ ќе замине за црвената планета кон крајот на 2026 година, со роботот Оптимус.
Тој предвиде дека луѓето би можеле да почнат да слетуваат на Марс веќе во 2029 година, иако 2031 година е поверојатен датум.