Осака, еден од најголемите пристанишни градови и трговски центри на јапонскиот остров Хоншу и трет град по големина во Јапонија, лоциран на јужниот дел од земјата, претставува уникатен спој на традиционалното и модерното.
Оваа космополитска метропола е полна со контрасти – од футуристички облакодери до древни храмови и традиционални куќи.
Секој агол на градот нуди приказна што ги поврзува минатото и иднината.
Најзначаен историски симбол на градот е замокот Осака, кој датира од 16 век. Овој импресивен замок низ вековите бил неколкупати реставриран, а денес стои како сведоштво за бурното минато на Јапонија.
Опкружен со широк ров и прекрасен парк со сливови, праскови и црешови дрвја, тој е едно од најпосетуваните туристички места во градот, особено за време на сезоната на цветање на црешите.
Со доаѓањето на пролетта, парковите и градините во Осака оживуваат со прекрасните цветови на сакура (цветови од цреша), создавајќи величествен пејзаж што привлекува илјадници посетители.
Покрај индустриското и економското значење, Осака е позната и по динамичниот ноќен живот, уличната уметност и кулинарските специјалитети што ја прават една од највозбудливите дестинации во Јапонија.
Извор: АА