РЕГИОН
4 мин читање
Во Скопје се одржа трибина за улогата на исламските заедници како мостови и чувари на мирот
„Сите свети книги говорат за важноста на мирот. Особено, во Куранот се вели дека доколку спасите еден човек, како да сте спасиле цело човештво, а ако убиете еден човек, како да сте убиле цело човештво. Тоа е света порака.“
Во Скопје се одржа трибина за улогата на исламските заедници како мостови и чувари на мирот
Во Скопје се одржа трибина за улогата на исламските заедници како мостови и чувари на мирот на Балканот / TRT Balkan
11 април 2025

Во организација на Бошњачкиот национален совет (БНС) во Северна Македонија,а во соработка со Исламската верска заедница (ИВЗ) во РСМ на Меѓународниот Балкански Универзитет (ИБУ) во Скопје се одржа трибината „Исламските верски заедници како мостови и чувари на мирот во балканските земји“. На трибината, свои обраќања имаа претседателот на  ИВЗ на РСМ, Реис-ул-улема Шаќир ефенди Фетаху и претседателот на Исламската верска заедница на Босна и Херцовина, Реис-ул-улема Хусеин ефенди Кавазовиќ., додека модератор на трибината беше претседателот на БНС, Џевад Хот.

Свое пригодно обраќање на трибината имаше директорката на Комисијата за односи со верските заедници во земјава, Оливера Трајковска, која ги поздрави присутните истакнувајќи го своето задоволство што во Скопје се одржува настан на кој верските заедници го промовираат мирот.

„Важно е да бидеме луѓе пред се и да имаме мир и толеранција, да ги почитуваме меѓусебните разлики, да имаме настани кои ќе не поврзуваат, наместо да не разделуваат“, истакна Трајковска.

Исламските заедници согласни за зачувување и промоција на мирот 

Реисот Фетаху рече дека посетата на претседателот на ИВЗ на БиХ, Кавазовиќ, е посета на државата Северна Македонија и нејзините граѓани без оглед на нивната верска и етничка припадност, како и дека оваа посета е многу значајна од аспект што и Северна Македонија и Босна и Херцеговина се мултиетнички и мултиконфесионални заедници.

„Поради тоа, ние чувствуваме и одговорност овие земји да живеат братски, во меѓусебна хармонија, солидарност и соживот. За да бидеме сериозни и практични и одлучни, ние денес потпишавме Меморандум за соработка како прв акт во историјата на исламските заедници на двете земји. Овој меморандум дојде во вистински момент, токму во времето кога некои работи на меѓународен план не одат во добра насока… Војните во Украина и во Газа, компликациите во светот, проблемите меѓу народите, сето тоа всушност создава опасност за човекот“, истакна Фетаху во обраќањето на трибината.

Затоа, додаде тој, претставниците на исламските заедници на Северна Македонија и БиХ биле согласни дека треба да се работи на чување и промовирање на мирот.

„Бевме согласни во ставот верските заедници на Балканот, особено ИВЗ на РСМ и ИВЗ на БиХ да работат на развивање на мирот, бидејќи мирот е нешто најсвето што можеме да го имаме. Ние на Балканот почувствуваме што значи мир, а што значи војна. Одлучивме да бидеме фактори со нашите компетенции и да работиме на полето на мирот. Сите свети книги говорат за важноста на мирот. Особено, во Куранот се вели дека доколку спасите човек, како да сте спасиле цело човештво, а ако убиете еден човек, како да сте убиле цело човештво. Тоа е света порака. Исламските заедници мораат да бидат во служба развивање на мирот и меѓусебното почитување“, нагласи Фетаху.

На крајот тој се осврна на бошњачката заедница во Република Северна Македонија.

„Бошњачката заедница е еден од столбовите на ИВЗ во однос на развивањето на вредностите на исламската заедница“, додаде Фетаху.

Реис-ул-улема Кавазовиќ ја истакна важноста на меѓурелигискиот дијалог

Реис-ул-улема Кавазовиќ во своето обраќање на трибината се осврна на мултикултирните и мултиконфесионалните општества во Северна Македонија и во Босна и Херцеговина.

„Ако правите ексклузивистички светови, вие го уништувате животот. Ако сакаме униформиран свет, без различности, тоа значи дека сме против темелите на животот на кои драгиот Бог го создал овој свет. Затоа е важно во БиХ, Северна Македонија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Словенија, Косово, да го разбереме овој фундамент кој е самиот живот“, рече реисот Кавазовиќ, кој на крајот на трибината нагласи дека во светот е најважен мирот.

Според неговите зборови, мирот е она што е свето и што е нагласено во самиот ислам од поздравот „селам“, до зборовите со кои секоја молитва завршува, а тоа е признавањето на мирот кој е од Бога.

Улогата на исламските верски заедници на Балканот

Во текот на трибината, Кавазовиќ ги претстави и специфичностите на Исламската заедница во БиХ и врската на муслиманите од Северна Македонија и Босна и Херцеговина и ги повика сите верски заедници на меѓурелигиски дијалог, за кој нагласи дека нема алтернатива.

Во заклучокот од трибината модераторот Џевад Хот рече дека улогата на исламските верски заедници на Балканот е всушност приказна за „опстанок и прилагодување и реформи, во време кога разни искушенија носеле војните, распаѓање на држви, но исламските заедници успеале да ја сочуваат својата специфична структура и денес продолжуваат да градат мостови помеѓу верите и општествата и помеѓу минатото и иднината“.

Претходно во попладневните часови, во Скопје, претседателот на ИВЗ на Бозна и Херцеговина, реис-ул-улема Кавазовиќ се состана со група Бошњаци кои живеат во Северна Македонија, а кои делуваат во здруженија, културни, образовни и други јавни институции, при што реисот Кавазовиќ беше запознаен со состојбите на бошњашката заедница во земјата.

Со овие активности е завршена еднодневната посета на ИВЗ на Северна Македонија, која започна во седиштето на Ријасетот во Скопје со средбата со реисот хафиз Шакир ефенди Фетаху и неговите соработници, како и со потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу ИВЗ на БиХ и ИВЗ на РСМ.

ИЗВОР:ТРТ Балкан МК
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us