„Дуо концерт на флејта и пијано“ се одржа во Скопје во организација на Институтот „Јунус Емре“ (ИЈЕ) Скопје, под покровителство на амбасадата на Република Туркије.
На концертот што се одржа во Даут-пашин амам во историската турска чаршија во Скопје, присуствуваа претставници на турски институции и организации во земјава, љубители на уметноста и голем број гости.
Јунус Дилбер, директорот на Институтот „Јунус Емре“ Скопје, изјави дека концертот е само еден од настаните што ги организирал институтот и дека во периодот што следи ќе организираат настани од различен карактер.
Пинар Челик, пијанистката од Туркије, изјави дека концертот е показател на македонското и турското братство на културна основа.
Челик истакна дека на концертот извеле избор од делата на турски и македонски композитори и ѝм се заблагодари на амбасадата и ИЈЕ за укажаната поддршка.
Флејтистката Даниела Неделковска го опиша концертот како прекрасно искуство и изрази надеж дека љубителите на уметноста уживале во концертот заедно со нив.
„Дуо концерт на флејта и пијано“ на дуетот на Челик - Неделковска привлече големо внимание кај публиката.