Во најголемата операција против дилери на дрога во историјата на Република Туркије, полицијата рано утринава изврши симултани рации на 626 адреси во главниот град Анкара и приведе вкупно 525 лица осомничени за улична продажба на дрога.
Цел на акцијата со кодно име „Наркокапан-Анкара“ (Наркостапица-Анкара) биле таканаречените „улични дилери“, лица кои продаваат наркотици преку интернет комуникациски платформи, како и во населби и улички, особено на млади луѓе, изјави во објава на социјалните мрежи
„Подготовките за оваа операција траеја цели шест месеци“, нагласи Јерликаја.
Тој додаде дека активностите и анализите на терен се вршеле со големо внимание и дека осомничените биле следени и технички и физички.
„Ги документиравме сите активности поврзани со извршените злосторства еден по еден. И утринава го притиснавме копчето. Во 05:00 часот наутро ја започнавме најголемата антинаркотична операција во историјата на Републиката, во нашиот главен град Анкара“, рече Јерликаја.
Во акцијата учествувале 4.768 полицајци, 1.461 тимови, 40 специјално обучени кучиња трагачи, четири дронови и воздушна поддршка. Извршени се истовремени претреси на 626 различни адреси, додаде Јерликаја.
Тој им честиташе на сите припадници на силите кои учествуваа во акцијата и истакна дека дрогата е еден од најголемите непријатели на човештвото и дека решителната борба против дилерите на дрога ќе продолжи.