ПОЛИТИКА
3 мин читање
Во Скопје се одржа Третиот форум за културна дипломатија
Во своето обраќање, министерот Муцунски нагласи дека културната дипломатија не е само средство за афирмација на националното културно наследство, туку и моќна алатка за градење мостови на разбирање и пријателство, особено во време на глобални предизв
Во Скопје се одржа Третиот форум за културна дипломатија
Во Скопје се одржа Третиот форум за културна дипломатија / TRT Balkan
20 мај 2025

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на Третиот форум за културна дипломатија, кој се одржа во Скопје, во организација на Меѓународниот центар „Алијанса на цивилизации“ и Институтот за културна дипломатија од Германија.

На свеченото отворање свои обраќања имаа министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, поранешниот претседател на државата д-р Ѓорге Иванов, Вацлав Клаус – поранешен претседател на Чешката Република,– поранешен претседател на Република Албанија, Реџеп Мејдани,поранешен министер за надворешни работи на Финска, Ерки Туомиоја  и поранешен министер за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Миро Ковач.

Форумот обедини експерти од областа на културната дипломатија, одржливиот развој и меѓународните односи, со цел унапредување на глобалната соработка и афирмирање на културата како клучен елемент во градењето мостови меѓу народите.

Во своето обраќање, министерот Муцунски нагласи дека културната дипломатија не е само средство за афирмација на националното културно наследство, туку и моќна алатка за градење мостови на разбирање и пријателство, особено во време на глобални предизвици.

„Историјата нè учи дека културата може да биде и бојно поле и терен за дијалог – нашата заедничка одговорност е да ја избереме втората опција. Од тие причини, денес сè почесто не зборуваме за судир на цивилизации, туку за предизвици во рамките на нашите општества – во начинот на кој ја разбираме и прифаќаме различноста. Во време кога некои гледаат на културата како средство за геополитички цели, ние ја афирмираме како простор на соживот и заемно почитување. Европската идеја, чиј дел сме, е токму тоа – заедничка иднина изградена врз културна различност, отвореност и солидарност“, истакна министерот Муцунски.

Во своето обраќање поранешниот претседател Иванов истакна дека третиот форум за културна дипломатија се одржува во време кога светот се соочува со војни, кога светот се распарчува со нови линии на поделби, кога децата умираат под рушевините на „стратешките цели“, кога климата и совеста се подеднакво загрозени. 

„Форумот го одржуваме кога секојдневно се соочуваме со безбедносни, еколошки, здравствени кризи, социјални неправди и морални дилеми. Затоа должни сме да ги отвораме не само умот, туку и совеста. Денес не треба само како политичари, дипломати, научници или уметници — туку како луѓе кои веруваат дека иднината мора да биде изградена врз основа на човечкото достоинство.“, истакна Иванов во обраќањето на форумот. 

Во рамки на форумот, министерот Муцунски оствари и средба со поранешниот претседател д-р Ѓорге Иванов. На средбата беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и Меѓународниот центар „Алијанса на цивилизации“, застапуван од д-р Иванов.

Целта на меморандумот е унапредување и збогатување на соработката во доменот на јавната дипломатија, развојот на културната дипломатија и афирмацијата на македонската култура и идентитет во странство, како и во други области од заемен интерес.

ИЗВОР:TRT Balkan MK
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us