РЕГИОН
3 мин читање
Истражување: Граѓаните се сомничави кон медиумите, но не ги проверуваат
Сепак, дури 80 проценти од испитаниците ретко или воопшто не го проверуваат авторот на веста, а 71 отсто ретко или воопшто не го проверуваат издавачот.
Истражување: Граѓаните се сомничави кон медиумите, но не ги проверуваат
Истражување: Граѓаните се сомничави кон медиумите, но не ги проверуваат / TRT Balkan
24 март 2025

Иако граѓаните се сомневаат во објавените информации од медиумите, ретко преземаат мерки за проверка на нивниот кредибилитет и вистинитост. Ова го покажа истражувањето на јавното мислење „Практиките и перцепциите на граѓаните во поглед на информирањето и справувањето со дезинформациите“, што Институтот за комуникациски студии (ИКС) го реализираше во текот на февруари Спроведувач на анкетата беше Институтот за демократија „Социетас цивилис“ на репрезентативен примерок од 1 000 полнолетни граѓани од различни региони низ државата.

Како што соопштуваат од ИКС, прашани за способноста за препознавање дезинформации, 41 отсто од испитаниците сметаат дека понекогаш успеваат, 29 отсто веруваат дека секогаш можат да ја детектираат вистинитоста на информацијата, додека 11 проценти признаваат дека воопшто не можат да ги разликуваат лажните од вистинитите информации. Сепак, дури 80 проценти од испитаниците ретко или воопшто не го проверуваат авторот на веста, а 71 отсто ретко или воопшто не го проверуваат издавачот.

Во однос на тоа колку често се случувало да споделат информации за кои подоцна е утврдено дека се неточни, мнозинството граѓани (52 %) сметаат дека се случувало, но не толку често, додека високи 40 отсто се уверени дека информациите што ги споделуваат секогаш се вистинити. Во однос на изворите на дезинформации, 36 проценти од испитаниците сметаат дека политичките партии се главниот извор на ширење дезинформации, 12 отсто ја посочуваат медиумската сфера, а 4 отсто ги наведуваат државните институции. Меѓутоа, речиси половина од испитаниците (47 %) сметаат дека сите тие заедно се чести извори за ширење дезинформации помеѓу граѓаните.

Перцепцијата за доверливоста на медиумите, според истражувањето, е поделена: 29 отсто од граѓаните се сомневаат во сѐ што се објавува, а ист процент ја проверуваат истата вест во други релевантни медиуми, додека само 21 процент веруваат дека доколку нешто е објавено, тогаш е точно. Во однос на квалитетот на медиумските содржини, 74 проценти од испитаниците споделуваат мислење дека медиумите пренесуваат само основни или површни информации, без длабинска анализа. Теми од најголем интерес за испитаниците се: здравството, јавните финансии и образованието.

„Истражувањето покажа дека 51 отсто од граѓаните се информираат неколку пати во текот на денот, додека 27 проценти го прават тоа еднаш дневно, што упатува на заклучокот дека висок процент од испитаниците секојдневно се информираат на различни теми. Телевизијата, социјалните медиуми и онлајн-порталите остануваат најчести извори на информации, додека помалку од 10 отсто се потпираат на лични контакти за добивање вести“, стои во соопштението.

ИКС го реализирало истражувањето на јавното мислење во рамките на проектот „Користи факти“, што е поддржан од Британската амбасада во Скопје.

ИЗВОР:ТРТ Балкан МК
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us