ПОЛИТИКА
2 мин читање
Трамп: Кинескиот претседател Kси е строг и тежок за преговори
Кина објави дека обвинувањата на Трамп дека Пекинг го прекршил договорот постигнат за време на трговските преговори меѓу двете земји во Женева минатиот месец се неосновани, најавувајќи дека ќе преземе мерки за заштита на своите интереси
Трамп: Кинескиот претседател Kси е строг и тежок за преговори
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, изјави во понеделник дека Трамп ќе разговара со Kси оваа недела / Reuters
4 јуни 2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека претседателот на Кина, Кси Џинпинг, е „строг“ и дека е „исклучително тешко да се постигне договор со него“.

„Го сакам кинескиот претседател Си, отсекогаш сум го сакал и отсекогаш ќе го сакам, но тој е многу строг и е исклучително тешко е да се постигне договор со него“, рече Трамп во објава на неговата платформа Вистина (Truth Social), објави Ројтерс.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, изјави во понеделник дека Трамп ќе разговара со Кси оваа недела.

Кина во понеделникот објави дека обвинувањата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Пекинг го прекршил договорот постигнат за време на трговските преговори меѓу двете земји во Женева минатиот месец се неосновани, најавувајќи дека ќе преземе мерки за заштита на своите интереси.

Американскиот Трговски суд, пак, пресуди дека Трамп ги пречекорил своите овластувања со наметнување на поголемиот дел од своите царини за увоз од Кина и други земји во согласност со законот за вонредни овластувања.

Помалку од 24 часа подоцна, федералниот апелационен суд ги врати царините, велејќи дека ја паузира одлуката на трговскиот суд за да ја разгледа жалбата на владата.

Трамп, пак, синоќа потпиша извршна наредба со која се зголемуваат царините за увоз на челик и алуминиум од 25 на 50 проценти, а таа стапи на сила на полноќ по локално време.

Мерката се однесува на сите трговски партнери освен на Велика Британија, која е единствената досега што постигна прелиминарен трговски договор со САД за време на 90-дневната пауза од воведувањето на поширок пакет царини.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us