РЕГИОН
2 мин читање
Обвинителството на БиХ издаде налог за апсење на Додик и раководството на Република Српска
Иако се уште не е официјално потврдено од Обвинителството на БиХ, бројни медиуми, меѓу кои и РТРС, во средата објавија дека е издадена наредба до судската полиција и дека е побарана помош од МВР на РС и СИПА
Обвинителството на БиХ издаде налог за апсење на Додик и раководството на Република Српска
Тензиите во БиХ се зголемија откако претседателот на Српска, Милорад Додик беше осуден за непочитување на одлуките на високиот претставник во БиХ / Reuters
12 март 2025

Обвинителството на Босна и Херцеговина издаде наредба за апсење на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, премиерот на ентитетот Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на Република Српска, Ненад Стевандиќ.

Иако се уште не е официјално потврдено од Обвинителството на БиХ, бројни медиуми, меѓу кои и РТРС, во средата објавија дека е издадена наредба до судската полиција и дека е побарана помош од Министерството за внатрешни работи на РС и и Државната агенција за истраги и заштита (СИПА).

Обвинителството ги товари за сторено кривично дело „напад врз уставниот поредок“.

Информацијата е објавена во пресрет на двете специјални седници на Народното собрание на РС закажани за денеска, на кои ќе биде вклучен предлогот за нов устав на ентитетите и предлог-законот за заштита на уставниот поредок на тој ентитет.

Делегатот во Домот на народите на Парламентарното собрание на БиХ и портпарол на СНСД, Радован Ковачевиќ, во својата реакција до Х, рече дека „никој не сака и не може да го уапси државниот врв на Република Српска“.

„Република Српска не прави никаков напад на уставниот поредок, туку напротив, носи одлуки на кои има право според Уставот на БиХ и на Република Српска. Начинот на кој неуставното обвинителство на БиХ се обидува да го инкриминира државното раководство на Република Српска повторно се заснова на неуставни, неовластени и незаконски измени на Кривичниот законик на БиХ од страна на незаконскиот и нелегитимен странски државјанин Кристијан Шмит“, рече Ковачевиќ.

Тврдејќи дека ова е „очигледен и недвосмислен политички напад врз Република Српска“, Ковачевиќ исто така рече дека „овој тип на политички напад нема да ја потресе Република Српска, која ќе го продолжи процесот на донесување политички одлуки на што има право според Уставот, а на секоја форма на радикализација од Сараево ќе биде жестоко одговорено. Политички и институционално“.

Политичката криза и тензијата во Босна и Херцеговина се интензивираа со усвојувањето и последователното потпишување на указ за спроведување на контроверзните закони во босанско-херцеговскиот ентитет Република Српска, кој ја забрани работата на некои државни институции во тој дел од земјата.

Указите беа потпишани од претседателот на ентитетот Милорад Додик, претходно осуден за непочитување на одлуките на високиот претставник во БиХ. Уставниот суд на БиХ привремено ги суспендираше законите.


Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us