Алибаба ја разгоре војната за доминација на ВИ модели
Алибаба ја разгоре војната за доминација на ВИ моделиКинеската мега-компанија Алибаба во четвртокот го лансираше својот најнов модел со вештачка интелигенција со „расудување“, КвК32Б за кој тврди дека има многу посилни капацитети од конкурентите како оние од ОпенАИ и ДипСик
КвК-32Б е дизајниран да ја искористи моќта на концептот наречен засилено учење, кој е интердисциплинарен подтип на машинско учење
9 март 2025

Два нови кинески ВИ модели изминативе денови го потресоа светот на вештачката интелигенција, па освен американско-кинеската ВИ војна се разгорува внатрешна војна за доминација на ВИ модели во Кина.

Кинеската мега-компанија Алибаба во четвртокот го лансираше својот најнов модел со вештачка интелигенција со „расудување“, КвК32Б (QwQ-32B) за кој тврди дека има многу посилни капацитети од конкурентите како оние од американската ОпенАИ (OpenAI) и кинескиот ДипСик (DeepSeek).

Друг кинески тим, компанијата за ВИ Манус, во средата го претстави својот истоимен агент за вештачка интелигенција, за кој тврдат дека е поспособен од слични модели од ОпенАИ.

Алибаба тврди дека нејзиниот модел, кој генерално се нарекува Квен  (Qwen) обезбедува извонредни перформанси, речиси целосно надминувајќи го 01-мини на ОпенАИ и се изедначува со најмоќниот модел за расудување со отворен код, ДипСик Р1“. 

Моделите за расудување со вештачка интелигенција (reasoning АI) се разликуваат од другите по тоа што тие се обидуваат да обработуваат информации и прашања имитирајќи го начинот на кој живеат луѓето.

ОпенАИ го лансираше o1-мини минатата година со идеја да биде економски поефикасен и поевтин, а кинескиот ДипСик Р1 го шокираше ВИ светот на крајот на јануари, бидејќи DeepSeek е создаден на принципот на отворен код, што значи дека е слободно достапен за секого, а уште повеќе затоа што е создаден и може да се управува со користење на значително поевтини технолошки ресурси и електрична енергија.

Засилено учење

Од Алибаба тврдат дека КвК-32Б постигнал квалитативен скок во математиката, кодирањето и општите способности, со вкупни перформанси на исто ниво со ДипСик Р1“ и потполно е бесплатен.

Алибаба тврди дека нивниот модел има 32 милијарди параметри, за разлика од Р1кој има 671 милијарди, а помал број на параметри едноставно значи дека моделот е помал и затоа е многу поевтин за обука.

Квен, наводно е дизајниран да ја искористи моќта“ на концептот наречен „reinforcement learning“или засилено учење, кој е интердисциплинарен подтип на машинско учење.

Ова им овозможува на ВИ да ги усовршат своите процеси на донесување одлуки базирајќи ги на позитивни, негативни и неутрални повратни информации. Ова им помага да одлучат дали да повторат одредена акција кога ќе се најдат во слични околности.

Од Алибаба потенцираат дека истражувањата покажале оти засиленото учење може значително да го подобри капацитетот на расудувањето на моделите со вештачка интелигенција, да помогне во нивната приспособливост и да го подобри нивното влијание врз интелигенцијата на големите јазични модели (ЛЛМ).

КвК-32Б сега е достапен како модел со отворен код на Хагинг Фејс (Hugging Face) и Модел Скоуп (Model Scope) под лиценцата Апачи 2.0 (Apache 2.0), што овозможува бесплатно преземање. Достапен е и преку Квен Чет. 

Ова значи дека е достапен за комерцијална и истражувачка употреба, така што претпријатијата можат веднаш да го искористат за напојување на нивните производи и апликации (дури и оние што ги наплаќаат на клиентите за користење).

Алибаба, основана од Џек Ма, ги поседува кинеските платформи за е-трговија Таобао и Тмал. Тие го лансираа својот прв еквивалент на ЧетГПТ- Тонги Кианвен (Tongyi Qianwen) - во 2023 година. 

Инвестиција од 50 милијарди евра

Во јануари го објавија својот нов модел, Квен 2.5 Макс (Qwen 2.5 Max), за кој веќе тврдеа дека го надминал моделот В3 (V3)на ДипСик, кој беше објавен само неколку недели порано.

Минатата недела Алибаба вети дека ќе инвестира околу 50 милијарди евра, во својата инфраструктура за вештачка интелигенција и облак во следните три години. 

Во средата, кинеските политички лидери на Националниот народен конгрес, исто така, ветија поддршка за „растечките индустрии и индустрии на иднината“, што вклучува зголемено финансирање за проекти во областа на вештачката интелигенција, хуманоидните роботи и квантната технологија.

Манус, пак, тврдат дека нивниот модел ги победил моделите на ОпенАи во бенчмарк тестовите кои ги оценуваат способностите на ВИ асистентите да решаваат проблеми од реалниот свет.

За разлика од стандардните модели со вештачка интелигенција кои функционираат преку чет комуникација, Манус може да работи независно и да извршува задачи од различни домени.

Главната карактеристика на Манус е што корисниците можат да ги затворат своите уреди додека ВИ останува да работи во заднина, давајќи резултати кога ќе завршат. Исто така, може да запомни и учи, а со тоа да се прилагодува на својот корисник со текот на времето.


Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us