Папата Лав XIV, телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин пришто го повикал да направи значаен чекор за примије во Украина и подобрување на хуманитарната ситуација.
Во разговорот, кој Ватикан го опиша како „искреен и фокусиран на итноста на дијалогот“, папата упати директен апел за гест од Москва што би можел да помогне во намалувањето на тензиите и создавање услови за понатамошен дипломатски ангажман.
Според Матео Бруни, директор на Канцеларијата за печат на Светата столица, за време на разговорот со рускиот лидер, папата ја нагласил „важноста на дијалогот за воспоставување позитивни контакти меѓу страните и барање решенија за конфликтот“.
Двајцата разговараа и за хуманитарната помош и практичните предизвици за обезбедување помош таму каде што е потребна, како и за тековните напори за размена на затвореници.
Папата го спомена и рускиот православен патријарх Кирил, заблагодарувајќи му се за честитките на почетокот на неговото папство.
Тој ги повтори заедничките вредности меѓу христијанските традиции, велејќи дека тие можат да послужат како „светлина што помага да се бара мир, да се брани животот и да се оствари вистинската верска слобода“.