РЕГИОН
4 мин читање
Лиценца за корупција
Во скопската дискотека Парк во 1994 година загина девојка, трагичен инцидент што требаше да биде поука за во иднина да не се случуваат такви несреќи, но 30 години подоцна во „кабарето“ во Кочани кулминираше серијата трагедии предизвикани од корупција
Лиценца за корупција
Допрва ќе се утврдува одговорноста за трагедијата во Пулс, но виновни се и вработените во низа институции и локалната власт кои со години прогледувале низ прсти / AA
18 март 2025

Дискотеката Пулс во Кочани, во која во пожар загинаа 59 лица, имала фалсификувана лиценца за кабаре добиена лани со мито и на диво работела речиси две децении, тврдат институциите.

Толку време неколку генерации на кочанчани се забавувале во магацинот за теписи, кој никогаш не добил дозвола за угостителска дејност, но никој немал доблест ниту желба да ја затвори дискотеката.

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе ги затворат сите ноќни клубови што работат без дозвола, откако рече дека во 2024 година се издадени само 12 лиценци за кабаре, а може да претпоставиме колку клубови работат на диво. 

Во декември во веќе далечната 1994 година, во стампедо предизвикано од димна бомба во дискотеката Парк во Скопје загина девојка, а повеќе млади беа повредени. Несреќата се случи на високите и тесни скали користени како „единствен“ влез и излез во тогаш една од најмодерните дискотеки во државата.

За жал, никој не беше казнет за евидентото отсуство на основните безбедносни стандарди, не се дозна дали и како дискотеката работела во такви услови, но требаше да биде поука во иднина да не се случуваат такви трагедии. 

Но триесет години подоцна во „кабарето“ во Кочани се случи една од најголемите несреќи во историјата на земјата. Кулминација на серијата трагедии предизвикани од корупција, немар и алчност.

Допрва треба да се утврдува одговорноста за трагедијата во „Пулс“, но вината е и на вработените во низа институции и локалната власт кои со години прогледувале низ прсти.

Трагедијата кај Ласкарци

Не е само Кочани. Фалсификуваните лиценци однесоа 61 живот во две големи сообраќајни несреќи во кои беа повредени 40-ина луѓе.

Во февруари 2019 година кај Ласкарци се преврте автобус на Дурмо турс, при што загинаа 16 патници, а над 30 беа повредени. Пресудата беше донесена дури во јануари лани по безброј обиди за одолговлекување и поништување на техничките вештачења. Обвинетите на крајот добија вкупно 39 години затворски казни. 

Најголема казна од 14 години затвор доби возачот на автобусот, а најмала казна од 4 години затвор, доби првообвинетиот Дурмиш Белули, сопственикот на Дурмо Турс. Само Белули поседувал лиценца за вршење превоз на патници, но не и одговорниот за возниот парк на Дурмо турс. 

Двајцата не презеле дејствија за поправка на битните делови од системот за сопирање на автобусот, а наложиле и манипулација на аналогниот тахограф.

Беса транс

На 23.11. 2021 во Бугарија се запали автобус на „Беса транс“. Загинаа 45 лица, а седуммина беа повредени. Во Бугарија се водеше судски процес за несреќата, а вината беше лоцирана кај загинатиот возач, како и на недостатоци на делницата од автопатот.

Но во Македонија му се судеше на сопственикот на „Беса транс“ Беким Хаџиу бидејќи фалсификувал лиценци кои потоа ги користеле возачите кога со автобусите на напуштале државата. Само за една година, со лажна лиценца, автобусот на „Беса транс“ 20 пати ја преминал државната граница.

Хаџиу на крајот доби 20 месеци казна затвор, а „Беса транс“ беше казнета со 800.000 денари и забрана за добивање лиценца за патен превоз во рок од четири години. 

Модуларна болница

Особена тага предизвика тргаедијата во модуларната Ковид болница во Тетово на 8 септември 2021 година. Во пожарот кој ја пеплоса монтажната барака загинаа 12 лица, десетина други беа повредени.

Беше дури побарана и форензичка помош од германската полиција за да се утврди виновникот за пожарот- продолжен електричен кабел, но надлежните не се посомневаа во квалитетот на монтажната барака. 

Па на крајот условни казни дообија директорите на Клиничка болница Тетово, а обвинетиот лекар беше ослободен од обвинение, иако Апелација во меѓувреме наложи повторно судење за поранешните директори на тетовската болница.

Јавноста, која јасно на видео снимка виде како болницата за една минута беше цела во пламен, беше незадоволна од тврдењата на Министерството за здравство, дека сите 19 поставени модуларни болници, како и таа во Тетово ги поседувале сите потребни сертификати за заштита при несреќи. 

Модуларните болници ги градеше фирмата „Брако“, во која пак удел имаше поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев. 

Во февруари 2015 година во фабриката за гасни боци „Балкан гас“ во Богданци загинаа тројца вработени. Трудовата инспекција тврдеше дека не нашла неправилности во фабриката само еден месец претхдно. 

Една година подоцна беа обвинети сопствениците на фабриката бидејќи ангажирале работници кои немале соодветна обука за работа со течен нафтен гас. 

Во право е Мицкоски кога вели дека системот мора да се ресетира и да се стави крај на корупцијата или нема да постоиме како држава.

Па дури ако треба наместо медицинска помош, соседните држави да испратат авиони за да ги преземат корумпираните функционери, судии, полицајци, политичари и да ги затворат кај нив. Оти овде ќе нема доволно затвори за сите.

Пишува: Игор Шегавиќ

* Ставовите изразени во написот му припаѓаат на авторот и не го одразуваат нужно уредничкиот став на ТРТ Балкан.


Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us