СПОРТ
3 мин читање
Спектакуларен меч на Јунајтед за полуфинале на ЛЕ, Челзи и со пораз меѓу најдобрите четири во ЛК
Јунајтед и Лион одиграа фантастичен натпревар во Манчестер, во кој домашните водеа со 2:0, но Французите возвратија со два гола за продолженија, а потоа поведоа и со 2:4, но „црвените ѓаволи“ од 114. минута дадоа три гола
Спектакуларен меч на Јунајтед за полуфинале на ЛЕ, Челзи и со пораз меѓу најдобрите четири во ЛК
Победата на Јунајтед во самиот финиш му ја донесе Мегваер / Reuters
18 април 2025

Манчестер Јунајтед- Атлетик Билбао и Тотенхем - Бодо/Глимт се полуфиналните двојки на Лига Европа, додека во полуфиналето на Лигата на конференции ќе играат Бетис - Фиорентина и Челзи - Ѓургарден, по вчерашните четвртфинални реванш натпревари во двете натпреварувања.

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед во дербито на вечерта, а можеби еден од најинтересните натпревари сезонава на домашен терен го победи Лион со 5:4 (2:0, 2:2) во реваншот од четвртфиналето, кој изобилуваше со пресврти.

Јунајтед водеше со 2:0 по првите 45 минути благодарение на головите на Угарте (11) и Далот (45+1), а со оглед на тоа дека првиот меч во Лион заврши 2:2, англискиот тим ги имаше и тие два гола предност во вкупниот резултат.

Сепак, Лион израмни на 2:2 преку Толисо (71) и Таљафико (78) и избори продолженија.

Но дополнителните половина час францускиот тим го започна со играч помалку бидејќи Толисо беше исклучен во 89. минута. И со играч помалку, Лион поведе со 4:2 со головите на Черки (104) и Лаказет (109-11м) и се чинеше дека Французите ќе изборат пласман во полуфиналето.

Меѓутоа, од 114. до првата минута од судиското продолжение, Јунајтед постигна три гола за нов голем пресврт на овој несекојдневен натпревар. Бруно Фернандеш (114-11м) реализираше пенал, а Маино (120) и Мегваер (120+1) погодија во самиот финиш на натпреварот.

Противник на Манчестер во полуфиналето ќе биде Атлетик Билбао, кој вчера со 2:0 го елиминира Ренџерс, откако првиот натпревар беше 0:0.

Втората полуфинална двојка во Лига Европа ја сочинуваат Тотенхем и Бодо/Глимт. Тотенхем го победи Ајнтрахт во тензичен натпревар. По ремито 1:1 во Лондон во првиот натпревар, Тотенхем вчера славеше со 0:1 на гостувањето во Франкфурт.

Норвешкиот шампион Бодо/Глимт постигна историски успех исфрлајќи го Лацио по подобро изведување на пенали. Римскиот тим ја надополни негативата од два гола од првиот меч во Норвешка со головите на Кастеланос (20) и Нослин (90+3) за продолжение.

Диа (99) ги однесе домаќините до 3:0 и надеж за пласман. Сепак, Хелмерсен (109) со својот гол за 3:1 успеа да го одведе натпреварот до пенали, а во престрелката гостите беа поуспешни со 3:2.

Вчера се одиграа и реванш натпреварите од четврт-финалето на Лигата ба конференции.

Фиорентина и Целје ремизираа 2:2, а тимот од Фиренца се пласираше во полуфиналето поради предноста од 2:1 од првиот меч.

Фиорентина во полуфиналето ќе игра против Бетис, кој одигра 1:1 со Јагелонија во Полска, но беше подобра со 2:0 на првиот меч во Шпанија.

Во другата полуфинална двојка ќе се сретнат Челзи и Ѓургарден.

Лондонски Челзи беше поразен на „Стемфорд Бриџ“ од Легија Варшава со 1:2, но се пласираше во полуфиналето благодарение на убедливата победа (0:3) во првиот натпревар.

И фудбалерите на шведскиот Ѓургарден го постигнаа најголемиот клупски успех на европската сцена победувајќи го Рапид во Виена со 1:4 (1:2) по продолженијата во реваншот од четвртфиналето, со што го надополнија поразот во Стокхолм од 0:1.

Рапид уште во седмата минута остана со фудбалер помалку, а мечот го завршија со деветмина играќи по уште едно исклучување во 110. минута.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us