РЕГИОН
1 мин читање
Ректорот на белградскиот универзитет сослушан во полиција за злоупотреба на службената положба
За овој криминален чин ме обвинуваат мене и членовите на академската заедница кои со месеци се обидуваме да ги артикулираме да донесат некои одлуки кои студентите ги започнаа, професорите и граѓаните на оваа земја ги поддржаа, рече Ѓокиќ
Ректорот на белградскиот универзитет сослушан во полиција за злоупотреба на службената положба
Пред зградата на полицијата се собраа блокирани студенти и граѓани кои носеа транспаренти и правеа врева / Reuters
18 април 2025

Ректорот на Универзитетот во Белград, Владан Ѓокиќ, во петокот даде изјава во Управата на криминалистичката полиција во главниот град на Србија, во рамките на предистражната постапка за кривичното дело злоупотреба на службената положба.

Ѓокиќ околу два и пол часа давал изјава во присуство на адвокат, по што изјавил дека не сторил кривично дело или злоупотреба на службената положба, јави Танјуг.

„За овој криминален чин ме обвинуваат мене и членовите на академската заедница кои со месеци се обидуваме да ги артикулираме да донесат некои одлуки кои студентите ги започнаа, професорите и граѓаните на оваа земја ги поддржаа“, рече Ѓокиќ.

Според него, ова не е жалба само против него „туку против сите декани и професори и студенти на нашиот универзитет и на целата академска заедница“.

Пред зградата на полицијата се собраа студенти блокадери и граѓани кои носеа транспаренти и правеа врева со свирежи и вувузели.

Од крајот на минатата година Србија е место на протести и блокади на образовните институции иницирани од студенти и граѓани кои протестираа откако 16 лица загинаа во падот на настрешницата на Главната железничка станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us