Зошто беше уништен ски-центарот Кожув и што понатаму?
РЕГИОН
4 мин читање
Зошто беше уништен ски-центарот Кожув и што понатаму?Кожув е уникатен скијачки центар затоа што од едната страна го има Медитаранот и Солун, а од другата страна континенталната клима во срцето на Европа, но кога повторно ќе проработи сѐ зависи од политичката волја
Скијачките терени на Кожув се на површина од 2.400 хектари, што е на ниво на најголемите ски центри во Европа
15 март 2025

Што се случи со скијачкиот центар на Кожув? Најавен како мега туристички проект, со огромен капацитет за илјадници скијачи и потенцијал да прерасне во еден од петте најголеми скијачки центри во Европа. Но речиси од самиот почеток, Кожув се соочи со неверојатно систематско уништување. 

„Сѐ започна во декември 2013 година, тогаш беше завршена изградбата на регионалниот пат Гевгелија-Смрдлива Вода-Кожув, во кој државата вложи 10 милиони евра, за по само неколку дена да го затвори за сообраќај и никогаш повеќе да не го пушти во употреба“, се присетува Ангел Наков, еден од основачите на ски-центарот Кожув и главниот организатор на граѓанските протести во Гевгелија. 

Додека скијачите, туристите и домашните оператори се надеваа дека Кожув ќе стане неверојатна приказна, каква што државата од својата самостојност нема видено со туризмот, во позадина почнува да се подготвува еден нов и злокобен план. 

Како Југоистокот се мобилизираше против рудниците?

„Ски центар Кожув во принцип е колатерална штета на една налудничава идеја, односно проект за отворање на преку 20 рудници со отворен коп во Македонија од кои четири на планината Кожув“, смета Наков. 

Меѓународно рударско лоби со години вложува во истражување на планинскиот предел во Источна Македонија, надевајќи се дека ќе најде продолжение на т.н. Златна жица. Во тоа делумно успева. 

Првичните наоди се дека има траги на бакар и злато, но за економски исплатлива рударска експлоатација треба да се инвестира во рудници од отворен коп. Тоа се мега ископини, практично целата планина се пресекува и дневно се вадат тони карпи поради нискиот концетрат на благородни метали, а за екстракција се користат енормни количини на сулфурна киселина и цијанид. 

Паралелно со граѓанските протести се одвиваше и обидот да се спаси скијачкиот центар кој беше осуден на пропаст, иако во него беа вложени 20 милиони евра.

„Ја исклучија електричната енергија, престанаа да издаваат градежни дозволи, го затворија патот, направија се за овој проект да биде блокиран. Дури во 2016 година се откри приказната дека Владата претходно прифатила и донела една одлука, да не користам тешки зборови, со катастрофални последици за иднината на Македонија“, раскажува Наков. 

Потенцијалните последици врз животната средина од ваков вид рударство се огромни, што од секојдневните експлозии од минирањето, протекувањето на тешките отровни материи во почвата и водата, како и од нарушување на земјоделството и туризмот. Рудниците од отворен коп најчесто се лоцирани далеку од населени места и на огромни напуштени површини, што беше причина граѓаните на Гевгелија и Југоистокот да се кренат на локални референдуми. 

„Во овие рудници требаше да се врши лужење со цијанид и сулфурна киселина. Народот се мобилизираше. Во 2017 година се организираше првиот локален, успешен референдум во Гевгелија од независноста на Македонија во 1991 година. Граѓаните рекоа СТОП за рудниците. За среќа тој проект на отворање рудници не се реализира, планината Кожув граѓаните ја спасија преку рефендум. Но, ски-центарот веќе беше уништен плански, за што покренавме и случај во обвинителството“, тврди Наков.

Иднината на планинскиот туризам и ревитализација на Кожув

Кожув е уникатен скијачки центар затоа што од едната страна го има Медитаранот и Солун, а од другата страна континенталната клима во срцето на Европа, но кога повторно ќе проработи се зависи од политичката волја. 

Скијачките терени на Кожув се на површина од 2.400 хектари. Тоа е на ниво на најголемите ски центри во Европа. 

„Тоа е еден врвен потенцијал кој за жал оваа држава се уште не го користи. Планинскиот туризам е иднината на Македонија, заедно со езерскиот и историскиот туризам. Крајниот потенцијал на Кожув е некаде 12 до 15 илјади скијачи на ден“, истакнува Наков.

Имотот на скијачкиот центар е под стечај но, и да се овозможи реновирање на изградениот пат, потребно ќе биде проверка на инсталираната опрема, и најверојано нови инвестиции во инфраструктурата.

„Изградивме два ски лифта Допелмаер, првата шестоседа жичара на Балканот со толкав капацитет, првиот систем за технички снег. Проценката на сите светски експерти дека ова е едно од најдобрите скијалишта во Европа и можеби меѓу петте најголеми во Европа.

Материјалните добра се враќаат, можеме да ги вратиме, да ги заработиме, да ги направиме, природата не се враќа. 

Според Наков развојот на туризмот е најголем потенцијал за домашната економија, доколку правилно се развива. 

„Самиот генерален директор на Јаху кога дојде во Македонија кажа: Ве молам, посетете ја оваа прекрасна држава пред да стане пренатрупана од туристи“, заклучува Наков.

Христијан Станоевиќ



Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us