ПОЛИТИКА
1 мин читање
Трговците од денеска ќе мора да ги објавуваат цените на интернет
Обврската произлегува од измените на Законот за заштита на потрошувачите кои од денеска стапуваат на сила. Мерката нема да важи за оние трговци кои имаат до 10 вработени.
Трговците од денеска ќе мора да ги објавуваат цените на интернет
Бојкот за купување во супермаркетите во земјите на Западен Балкан / AA
18 април 2025

Маркети,аптеки, продавници за техника и мебел од денеска е мораат своите цени да ги објавуваат на интернет. Тоа е предвидено во измените на Законот за заштита на потрошувачи кои стапуваат во сила, а претходно беа усвоени од Собранието.

На интернет страницата на трговецот мора да биде истакната тековната продажна цена, единечната цена, промотивната или попустната цена за секој одделен продажен објект на трговецот, а секоја промена на цената итно мора да се ажурира.

Ажурирањето се прави најдоцна до 10 часот, а ако има промена која не е вметната, грешката мора да се исправи во рок од 24 часа.

Податоците мора да бидат достапни за мал, среден и голем трговец што врши трговија на мало. Трговците цените треба да ги објават на јасен и достапен начин во посебен дел кој ќе биде означен како “Ценовник”.

За оние кои нема да ја испочитуваат законската обврска следат казни од 500 до 10 000 евра во зависност од големината на трговецот или времено затворање на маркетот во траење од 15 дена.

Мерката нема да важи за трговците кои имаат до 10 вработени.  

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us