ПОЛИТИКА
2 мин читање
Трамп и Мелони се уверени дека САД и ЕУ можат да постигнат трговски договор
Се разбира, ќе има трговски договор, сакаат да го склучат, и тоа многу, и ние ќе направиме договор, апсолутно го очекувам тоа, но тоа ќе биде фер договор, им рече Трамп на новинарите додека беше домаќин на италијанската премиерка во Белата куќа
Трамп и Мелони се уверени дека САД и ЕУ можат да постигнат трговски договор
Мелони е избрана од ЕУ да ги води преговорите за договорот / AA
17 април 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп и италијанскaта премиерка Џорџија Мелони денеска во Вашнгтон изразија оптимистички тонови за изгледите САД и Европската унија да постигнат трговски договор во услови на глобален притисок од американскиот лидер за царините.

Трговијата се очекува да доминира во разговорите меѓу Трамп и Мелони, која беше избрана од ЕУ да ги води преговорите за договорот што стана поитен со одлуката на Трамп да воведе царини од најмалку 10 отсто на нациите ширум светот.

ЕУ беше погодена со тарифна стапка од 20 отсто, но како и десетици други нации, на Унијата и беше одобрено одложување од 90 дена за да овозможи преговори.

Трамп рече дека не брза да постигне договор, но додаде дека верува оти ќе биде постигнат трговски договор.

„Се разбира, ќе има трговски договор. Апсолутно. Сакаат да го склучат, многу. И ние ќе направиме трговски договор. Апсолутно го очекувам тоа, но тоа ќе биде фер договор“, им рече Трамп на новинарите додека беше домаќин на Мелони во Белата куќа на работен ручек пред состанокот во Овалната соба.

И Мелони се согласува со оптимистичките најави на Трамп.

„Сигурна сум дека можеме да се договориме и тука сум да помогнам во тоа“, рече таа.

90-дневната пауза на Трамп во спроведувањето на наметнатите царини треба да заврши на 9 мај. Јапонија во средата испрати делегација на високо ниво во Белата куќа на разговори со Трамп, а тој беше исто толку оптимист како и денес.

Трамп рече дека е уверен дека САД исто така ќе можат да направат многу добар договор со Кина.

Мелони утре во Рим ќе го прими американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us