ПОЛИТИКА
2 мин читање
Предвремени избори во Холандија на 29 октомври
Холандката Влада падна на 3 јуни откако крајнодесничарската Партија за слобода се повлече од владејачката коалиција, поради нерешени несогласувања околу политиката за азил и миграција
Предвремени избори во Холандија на 29 октомври
Партијата ПВВ на Герт Вилдерс беше победник на изборите во ноември 2023, но немаше мнозинство во Парламентот / Reuters
пред ден

Холандските граѓани ќе излезат на гласачките места на предвремените општи избори на 29 октомври откако лидерот на крајнодесничарската Партија за слобода (ПВВ), Герт Вилдерс, ја повлече поддршката од владејачката коалиција, што доведе до нејзин колапс.

„Официјално го одредивме датумот за изборите: изборите за Вториот дом ќе се одржат во среда, 29 октомври 2025 година“, објави вршителката на должноста министерка за внатрешни работи, Јудит Ујтермарк, на Платформа X во петокот, додавајќи дека се во тек подготовки за да се обезбеди непречено гласање.

Владата падна на 3 јуни откако крајнодесничарската ПВВ се повлече од владејачката коалиција поради нерешени несогласувања околу политиката за азил и миграција.

Коалициските партнери, конзервативната ВВД, центристичката партија Нов општествен договор (НСЦ) и земјоделската партија BBB, не успеаја да постигнат договор со Вилдерс, кој побара сеопфатни ограничувања на холандската политика за азил и миграција.

Вилдерс, чија партија има клучна улога во коалицијата, инсистираше на тоа дека во коалицискиот договор треба да се додадат десет нови строги мерки, вклучително затворени граници за барателите на азил, зголемени воени гранични контроли, помалку центри за азил и депортација на сириски бегалци што имаат привремени дозволи за престој.

Најдесничарската влада во историјата на земјата положи заклетва во јули 2024 година, седум месеци откако Вилдерс победи на парламентарните избори во Холандија.

Коалициските партнери на ПВВ го условија своето учество во владата со тоа што тој ќе се откаже од која било извршна функција.

Премиерот Дик Шоф, пак, е поранешен шеф на тајната служба и агенцијата за борба против тероризмот и не припаѓа на ниедна партија.


Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us