ПОЛИТИКА
3 мин читање
Евробарометар: Највисоко ниво на доверба на граѓаните на ЕУ во унијата во последните 18 години
Довербата во националните парламенти и влади е значително помала, на ниво на ЕУ, 37 проценти од испитаниците имаат тенденција да му веруваат на националниот парламент, а 36 проценти на националната влада
Евробарометар: Највисоко ниво на доверба на граѓаните на ЕУ во унијата во последните 18 години
Анкетата покажа и највисока поддршка досега за единствената валута, еврото, со 74 проценти во ЕУ27 / AP
пред 20 часа

Педесет и два проценти од граѓаните имаат доверба во Европската Унија, што е најдобар резултат од 2007 година, според најновите резултати на Евробарометар објавени во среда.

Според анкетата спроведена од 26 март до 22 април оваа година во сите 27 земји-членки, 52 проценти од граѓаните имаат тенденција да ѝ веруваат на Европската Унија. 

Ова е највисокото ниво на доверба во последните 18 години. Највисоко ниво на доверба е кај младите луѓе на возраст од 15 до 24 години, од кои 59 проценти имаат тенденција да ѝ веруваат на Европската Унија.

Довербата во националните парламенти и влади е значително помала. На ниво на ЕУ, 37 проценти од испитаниците имаат тенденција да му веруваат на националниот парламент, а 36 проценти имаат тенденција да му веруваат на националната влада. 

Кога станува збор за перцепцијата за состојбата на европската економија, 44% од Европејците ја оценуваат како добра, додека 48% ја оценуваат како лоша. 

Анкетата покажа највисока поддршка досега за единствената валута, еврото, со 74 проценти во ЕУ27 и 83 проценти во еврозоната.

На ниво на ЕУ, најголем проблем е инфлацијата, како што сметаат 31 процент од граѓаните, а економската состојба (20 проценти) е на второ место.

На прашањето кои се двата најголеми предизвици со кои моментално се соочува ЕУ, руската агресија врз Украина се рангираше на прво место, со 27 проценти. Меѓународната ситуација се рангираше на второ место, со 24 проценти.

Во своите одговори на прашањата за тоа каква економска состојба очекуваат во следните 12 месеци 17 % веруваат дека ќе биде подобра, 43 дека ќе биде иста, а 33 дека ќе биде полоша.

Целосно позитивна слика за ЕУ имаат 43 проценти испитаници, а 38 отсто се неутрални по ова прашање.

Солидно мнозинство е оптимистично за иднината на ЕУ- 62 проценти од анкетираните.

Кога станува збор за приоритетите на буџетот на ЕУ, европските граѓани би сакале најмногу да се издвојуваат за одбрана и безбедност (43 проценти), вработување, социјални работи и јавно здравје (42 проценти) и образование, обука, млади, култура и медиуми (34 проценти).

Во однос на војната на Русија против Украина, 80 проценти од европските испитаници се согласуваат со тоа ЕУ да ги прифати луѓето што бегаат од војната, додека повеќе од три четвртини од Европејците (76 проценти) поддржуваат обезбедување финансиска и хуманитарна помош за Украина.

Речиси три четвртини, 72 проценти од граѓаните на ЕУ поддржуваат економски санкции против руската влада, компаниите и поединците, додека 60 проценти го одобруваат тоа ЕУ да ѝ додели статус на земја-кандидат на Украина, а 59 проценти се согласуваат со финансирањето од ЕУ за купување и снабдување со воена опрема на Украина.


Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us