КУЛТУРА
3 мин читање
Повеќе од половина од возрасните во светот ќе бидат дебели до 2050 година
Ако продолжат сегашните трендови, глобалните стапки на возрасни со прекумерна тежина и дебели се предвидува да достигнат 57,4 отсто за мажи и 60,3 отсто за жени до 2050 година, се вели во студијата
Повеќе од половина од возрасните во светот ќе бидат дебели до 2050 година
Авторите на студијата користеле податоци од 204 земји за да направат мрачна слика за она што е опишано како еден од најголемите здравствени предизвици на векот / AA
8 март 2025

Речиси 60 отсто од сите возрасни и една третина од сите деца во светот ќе бидат со прекумерна тежина или дебели до 2050 година, доколку владите не реагираат, се вели во големата нова студија објавена во медицинското списание Лансет по повод Светскиот ден на дебелината на 4 март.

Светскиот ден на дебелината се одбележува како можност да се поттикнат луѓето да ги препознаат причините за дебелината, да станат свесни за факторите на ризик за живеење со дебелина и да споделат искуства.

Авторите на студијата користеле податоци од 204 земји за да направат мрачна слика за она што е опишано како еден од најголемите здравствени предизвици на векот.

„Невидената глобална епидемија на прекумерна тежина и дебелина е длабока трагедија и монументален општествен неуспех“, рече водечкиот автор Емануела Гакиду од американскиот Институт за здравствена метрика и евалуација (ИХМЕ).

Бројот на луѓе со прекумерна тежина или дебели луѓе ширум светот е зголемен од 929 милиони во 1990 година на 2,6 милијарди во 2021 година, покажа студијата.

Без сериозни промени, истражувачите проценуваат дека 3,8 милијарди возрасни лица ќе бидат со прекумерна тежина или дебели за 15 години - тоа е околу 60 отсто од возрасната популација во светот до 2050 година.

Ако продолжат сегашните трендови, глобалните стапки на возрасни со прекумерна тежина и дебели се предвидува да достигнат 57,4 отсто за мажи и 60,3 отсто за жени до 2050 година, се вели во студијата.

Светските здравствени системи ќе бидат под огромен притисок, предупредуваат истражувачите, при што се очекува дека дотогаш околу четвртина од дебели луѓе во светот ќе бидат над 65 години.

Тие, исто така, предвидуваат зголемување на дебелината од 121 процент кај децата и адолесцентите ширум светот.

Третина од сите дебели млади луѓе ќе живеат во два региона- Северна Африка и Блискиот Исток, и Латинска Америка и Карибите- до 2050 година, предупредија истражувачите.

„Но не е доцна да се дејствува“, вели коавторот на студијата Џесика Кер од Детскиот истражувачки институт Мардок во Австралија.

„Потребна е многу посилна политичка посветеност за промена на исхраната во рамките на одржливите глобални системи за храна“, рече таа.

Оваа посветеност е потребна и за стратегии „кои ја подобруваат исхраната на луѓето, физичката активност и животната средина, без разлика дали се работи за премногу преработена храна или нема доволно паркови“, вели Кер.

Повеќе од половина од возрасните со прекумерна тежина или дебели во светот веќе живеат во само осум земји - Кина, Индија, САД, Бразил, Русија, Мексико, Индонезија и Египет, се вели во студијата.

„Иако лошата исхрана и седечки начин на живот се очигледни двигатели на епидемијата на дебелина, „останува сомнежот“ за основните причини“, вели Торкилд Соренсен, истражувач од Универзитетот во Копенхаген, кој не бил вклучен во студијата.

На пример, социјално исклучените групи имаат „конзистентна и необјаснета тенденција“ кон дебелина, рече тој во сродниот коментар во „Лансет“.

Истражувањето се заснова на бројки од студијата на ИХМЕ, која обединува илјадници истражувачи ширум светот и е финансирана од Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.


Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us