СПОРТ
1 мин читање
Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк го продолжи договорот до 2027 година
Многу сум среќен и горд, среќен сум што можам да го продолжам патувањето што досега го поминав во овој клуб за уште две години, мојот план секогаш беше да останам во Ливерпул, изјави Вирџил ван Дајк
Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк го продолжи договорот до 2027 година
Ван Дијк (33) во Ливерпул пристигна на почетокот на 2018 година, а за клубот од Енфилд одигра 314 натпревари и постигна 27 голови / AA
17 април 2025

Капитенот на Ливерпул и холандски репрезентативец Вирџил ван Дајк го продолжи договорот до јуни 2027 година, соопшти денеска англискиот клуб.

Ван Дајк имаше договор со Ливерпул до 30 јуни годинава, но реши да ја продолжи соработката со клубот од „Енфилд“ на уште две сезони.

"Многу сум среќен и горд. Доживувам многу емоции во овој момент. Чувство на гордост и радост. Среќен сум што можам да го продолжам патувањето што досега го поминав во овој клуб за уште две години. Мојот план секогаш беше да останам во Ливерпул", изјави Ван Дајк, а пренесува официјалниот сајт на клубот.

Британските медиуми наведуваат дека холандскиот фудбалер во Ливерпул ќе заработува околу 400.000 фунти неделно.

Ван Дајк (33) во Ливерпул пристигна на почетокот на 2018 година, а за клубот од Енфилд одигра 314 натпревари и постигна 27 голови. Со англискиот клуб освои осум трофеи.

За холандската репрезентација се појави на 80 натпревари и девет пати се запиша во листата на стрелци.

Пред неколку дена Ливерпул го продолжи договорот и со египетскиот фудбалер Мохамед Салах.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us