Најмалку четири лица загинаа, а едно лице е тешко повредено откако кабина на жичарница паднала на земја во близина на Неапол во јужна Италија, објавија во четвртокот италијанските медиуми.
Кабина на жичарница се урна поради екстремни временски услови на планината Фаито, во близина на Соренто, според извештајот на националната новинска агенција АНСА.
Спасувачите соопштија дека едно лице е тешко повредено и пренесено во болница.
Јавниот радиодифузен сервис РАИ објави снимка на која се гледа како 16 други патници се спасени од друга жичарница која била заглавена во воздух, недалеку од подножјето на планината. Евакуацијата е извршена во сложена операција, патниците се спасувале еден по еден со помош на сигурносни појаси.
Винченцо Де Лука, претседател на регионот Кампанија, изјави за RAI дека спасувачките операции се отежнати од магла и силни ветрови.