ТУРКИЈЕ
2 мин читање
Прв во Европа: Аеродромот „Истанбул“ почнува истовремено да користи три посебни писти
Аеродромот „Истанбул“, кој минатата година беше втор најпрометен аеродром во Европа, денес официјално започна со истовремено оперирање на три посебни писти
Прв во Европа: Аеродромот „Истанбул“ почнува истовремено да користи три посебни писти
Прв во Европа: Аеродромот „Истанбул“ почнува истовремено да користи три посебни писти / AA
17 април 2025

Со оваа нова инфраструктура, аеродромот „Истанбул“ стана прв аеродром во Европа што воведува ваква практика и втор во светот по САД.

На церемонијата по повод почетокот на тројните операции, турскиот министер за транспорт, Абдулкадир Уралоглу, изјави дека од денес ќе може три авиони истовремено да слетуваат или да полетуваат на целосно посебни писти.

„Ова не е само за пвпат за Туркије туку и за европската авијација и претставува вистинска пресвртница за глобалниот авионски сообраќај. По САД, Туркије е единствена земја што го има имплементирано овој систем“, нагласи министерот.

Уралоглу потсети дека аеродромот „Истанбул“, визионерски проект за Туркије, уште од отворањето на 29 октомври 2018 година е вистински светски репрезент.

„Со годишен капацитет од 90 милиони патници, аеродромот 'Истанбул' ја доведе Туркије меѓу водечките сили во глобалната авијација. Овој модерен комплекс, кој пречекува милиони патници од целиот свет, стана симбол на економската и културната моќ на Туркије.“

Тој додаде дека аеродромот во 2019 година, само првата година од неговото работење, опслужил над 52 милиони патници, а во 2023 година таа бројка се зголемила на над 76 милиони.

Според најновите податоци од Дирекцијата за државни аеродроми на Туркије (DHMI), аеродромот„Истанбул“ во 2024 година опслужил околу 80 милиони патници, што го позиционира како најголем и втор најпрометен аеродром во Европа.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us