6 јуни 2025
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, упати честитка по повод празникот Курбан Бајрам.
Во пораката објавена на својот профил на социјалните мрежи претседателот Ердоган го наведе следното:
„Се надевам дека Курбан Бајрам ќе биде благослов за нашата земја, нашата нација и целото човештво. Им честитам на сите, на сите наши пријатели во различни земји од светот, во нашата татковина и на нашите браќа во Газа и Палестина. Нека ни е благословен Курбан Бајрам.“