ПОЛИТИКА
2 мин читање
Јермак: Разговорите со американската делегација започнаа „конструктивно“
„Гаранциите за безбедност се многу важни бидејќи сакаме оваа агресија никогаш повеќе да не се повтори. Се разбира, тоа е многу важно. Но, сега мислиме дека е неопходно да се разговара за најважното - како да се започне овој процес“, рече Јермак
Јермак: Разговорите со американската делегација започнаа „конструктивно“
Дискусиите се фокусираат на постигнување праведен и траен мир, вели шефот на Кабинетот на украинскиот претседател / AFP
11 март 2025

Разговорите меѓу украинските и американските делегации во Саудиска Арабија започнаа „конструктивно“, со дискусии насочени кон обезбедување праведен и траен мир, изјави Андриј Јермак шеф на Кабинетот на украинскиот претседател.

„Средбата со американскиот тим започна многу конструктивно, ние работиме на воспоставување праведен и траен мир“, напиша Јермак на Телеграм.

„Благодарение на американското раководство и европската поддршка, ние Украинците конечно можеме да постигнеме мир. Но, не можеме да дозволиме Руската Федерација да избега од одговорноста“, рече тој.

Говорејќи со новинар во Џеда, Јермак, исто така, ја истакна важноста на безбедносните гаранции за да се спречи идна агресија.

„Гаранциите за безбедност се многу важни бидејќи сакаме оваа агресија никогаш повеќе да не се повтори во иднина. Се разбира, тоа е многу важно. Но, сега мислиме дека е неопходно да се разговара за најважното - како да се започне овој процес. И ние сме многу отворени и сакаме да имаме многу конструктивен, длабок, пријателски, партнерски разговор со нашите американски партнери“, рече Јермак.

Во меѓувреме, украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха коментираше на мрежата X дека Киев гледа на состанокот како „одлична можност за унапредување на мирот и развој на стратешкото партнерство Украина-САД“.

„Конструктивната атмосфера докажува дека можеме да ја искористиме оваа можност“, додаде тој. „Украина сака мир како никој друг.

Во украинската делегација се Јермак, Сибиха, министерот за одбрана Рустем Умеров и заменик-шефот на Кабинетот на претседателот Павло Палиса, соопшти Министерството за надворешни работи на Украина.

Од американска страна во разговорите учествуваат државниот секретар Марко Рубио и советникот за национална безбедност Мајк Валц.

Стивен Виткоф, специјалниот пратеник на американскиот претседател за Блискиот исток и Кит Келог, специјалниот пратеник на Трамп за Украина и Русија, кои учествуваа во претходните преговори во Ријад, не се присутни.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us