Претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, треба да отпатува за Москва на средба со рускиот претседател Владимир Путин.
Виткоф втор пат ќе ја посети Москва во улога на пратеник на Трамп, објави Блумберг, цитирајќи неименувани извори.
Неговото патување треба да се совпадне со состаноците во Саудиска Арабија меѓу украинските претставници, американскиот државен секретар Марко Рубио и советникот за национална безбедност Мајк Волц.
Трамп во неделата рече дека САД да очекуваат Украина да покаже подготвеност да преговара за мир.
Рубио и Волц во вторникот се сретнаа со високи украински функционери, предводени од Андриј Јермак, главен помошник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, во Саудиска Арабија.
„Средбата со американскиот тим започна многу конструктивно, работиме на воспоставување праведен и траен мир“, напиша на Телеграм Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател.