Македонските граѓани и бизниси во банките чуваат речиси 10 милијарди евра
Според овие податоци, вкупните депозити и вкупните кредитите во март забележале речиси еднаков годишен  раст. Кај депозитите тој е од 12,7%,  додека кај вкупните кредити  од 12,3%.
Македонските граѓани и бизниси во банките чуваат речиси 10 милијарди евра
Македонските граѓани и бизниси во банките чуваат речиси 10 милијарди евра / AA
18 април 2025

Граѓаните и корпоративниот сектор во банките во март чувале 9,7 милијарди евра, а нивниот долг  кон банките овој месец изнесувале 8,2 милијарди евра, покажуваат последните податоци на Народната банка на РСМ.

Според овие податоци, вкупните депозити и вкупните кредитите во март забележале речиси еднаков годишен  раст. Кај депозитите тој е од 12,7%,  додека кај вкупните кредити  од 12,3%.

Кај депозитите забележан е раст во двата сектора  со поизразен придонес на депозитите на секторот „домаќинства”, додека кај кредитите поизразен придонес има корпоративниот сектор.

Во март, вкупните депозити оствариле месечен раст за 0,6%, додека вкупните кредити се зголемиле за 1,0%.

Граѓаните и во март најмногу се задолжувале со станбени и потрошувачки кредити кај кои е забележан раст од 1,6% односно од 1,0% и 1,6%. На годишна основа овие кредити се зголемила за 13,9% односно за 9,2% .

Минатиот месец е забележан пад од 1,1% на автомобилските кредити, но на годишна основа тие пораснале за 3,4%. Во март, се намалени и кредитите одобрени на кредитни картички и тоа на месечна основа за  0,8% и 9,0%  на годишно ниво.

Негативните салда на тековните сметки, во март, се зголемени за 5,1% на месечно ниво, при годишен пад од 2,4%, додека кредитите одобрени врз други основи се намалени за 0,3% и 8,2% на месечна и на годишна основа.



ИЗВОР:ТРТ Балкан МК
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us