Мајкрософт, сопственикот на Скајп, објави дека на 5 мај официјално ќе ја затвори оваа комуникациска платформа по повеќе од две децении постоење.
Скајп беше првата платформа која од 2003 година им овозможи на корисниците пристап до бесплатни аудио и видео повици од компјутер до компјутер низ целиот свет и ги префрли повиците од фиксни и мобилни телефони на интернет.
Како што изјавија од Мајкрософт, нивната цел е да ја поедностават понудата за корисниците и да се фокусираат на нивната „моќна бизнис платформа Tимс“, кон која милиони преостанати корисници на Скајп ќе бидат пренасочени во наредните денови.
Во соопштението со кое се најавува крајот на Скајп, Мајкрософт, кој ја купи платформата во 2011 година за 8,5 милијарди долари, призна дека ова е чин на „отстранување на Скајп од апаратите за одржување во живот, на кои, реално, беше десет години“.
Едно од објаснувањата за падот на Скајп е тоа што не беше прилагоден за паметни мобилни телефони и дека не можеше да се справи со конкуренцијата од апликации прилагодени за работа од дома, како што е Зум.