ВОЈНА ВО ГАЗА
2 мин читање
Специјалниот пратеник на Трамп за Блискиот Исток го обвини Хамас за обновените напади во Газа
Хамас ја имаше секоја шанса да се демилитаризира, да го прифати предлогот за премостување кој ќе овозможеше 40 или 50-дневен прекин на огнот, при што ќе можевме да разговараме за демилитаризацијата и конечното примирје, рече Стив Виткоф
Специјалниот пратеник на Трамп за Блискиот Исток го обвини Хамас за обновените напади во Газа
И покрај ескалацијата, Виткоф истакна дека САД остануваат отворени за дипломатски ангажман / Reuters
24 март 2025

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток ја обвини палестинската група Хамас за обновените напади во Појасот Газа, повторувајќи ја поддршката на Вашингтон за Израел.

Говорејќи во неделното издание на „Фокс њуз“, Стив Виткоф изјави дека Хамас имал повеќе можности да спречи натамошна ескалација.

„Хамас ја имаше секоја шанса да се демилитаризира, да го прифати предлогот за премостување кој ќе овозможеше 40 или 50-дневен прекин на огнот, при што ќе можевме да разговараме за демилитаризацијата и конечното примирје. Имаше разни можности за тоа, но тие одлучија да не ги искористат“, рече тој.

И покрај ескалацијата, Виткоф истакна дека САД остануваат отворени за дипломатски ангажман.

„Дали би биле отворени за контакт од Хамас? Се разбира – исто како во рускиот конфликт (во Украина). Сакаме да го запреме убивањето, но мора да биде јасно кој е агресорот тука, а тоа е Хамас“, додаде тој.

Израелската Армија на 18 март повторно започна силни напади врз Газа, откако пропадна прекинот на огнот што беше на сила од 19 јануари.

Израелската Армија уби повеќе од 700 Палестинци и повреди над 1.000, откако започна ненадејна воздушна кампања врз Газа минатиот вторник, со што беше прекршен договорот за прекин на огнот и размена на заробеници што беше на сила од јануари.

Над 50.000 Палестинци се убиени, главно жени и деца, а над 113.000 се повредени во бруталната израелска воена офанзива врз Газа од октомври 2023 година.

По кршењето на прекинот на огнот, Израел објави дека ќе ги засили воените операции против Хамас, одбивајќи нови предлози за примирје.

Од друга страна, Хамас го обвини Израел дека ги прекршил своите обврски пред посредничките земји и дека продолжува со геноцидот врз Палестинците во Газа.

Најновата израелска офанзива се случува во период на политички превирања, вклучувајќи го и контроверзното разрешување на директорот на Шин Бет, Ронен Бар, од страна на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us