РЕГИОН
3 мин читање
Мицкоски: Планот за раст не е само услов за интеграција туку и инструмент за оздравување на државава
Интеграциите и растот се наш компас, но реформите мора да бидат наши одлуки, наши политики, наше национално зреење. Корупцијата е системски проблем, не индивидуална девијација, рече Мицкоски на трказлезната маса посветена на Планот за раст
Мицкоски: Планот за раст не е само услов за интеграција туку и инструмент за оздравување на државава
Тој нгласи дека Европа бара конкурентност, но и социјална одговорност што значи иновации, но и правични плати, тоа значи раст, но и заштита на работниците / Others
23 април 2025

Без реформите во судството, кои се најважни, сите други реформи ќе бидат безвредни, порача премиерот Христијан Мицкоски од трказлезната маса посветена на Планот за раст и членството на земјата во ЕУ.

„Секој народ има моменти кога мора да избере: ќе остане во удобната стагнација или ќе се соочи со потребата од длабоки и храбри промени. Државата е токму во еден таков момент – на раскрсницата помеѓу стариот систем и новата европска иднина.
Планот за раст и Реформската агенда не е само услов за интеграција. Таа е инструмент за оздравување на нашето општество. Интеграциите и растот се наш компас, но реформите мора да бидат наши одлуки, наши политики, наше национално зреење. Корупцијата е системски проблем, не индивидуална девијација“, рече Мицкоски.

Според него, корупцијата кај нас не е само појава, таа е дел од начинот на функционирање на одредени делови од општеството.

„Таа е систем кој се штити сам себе. Ако сакаме во Европската Унија, ако сакаме раст мора да го урнеме тој систем. Имаме наследени ситуации во кои граѓанинот се чувствува понижен, беспомошен, принуден да „плати за да добие“ било тоа лекарска помош, правна заштита или некаква административна услуга. Таква држава не може да напредува“, вели премиерот.

Тој потенцира дека уште позагрижувачки е што институциите кои треба да се борат против корупцијата -обвинителството и судството- често пати се неми, неефикасни или пак, под политичко влијание.

„Реформите во правосудниот сектор се најитни. Без нив, сите други реформи се безвредни. Нема европско општество ако обвинителот бира по кого ќе отвори предмет, а по кого ќе премолчи; судот носи пресуди по избор на политички центри, а не по Устав и закон; граѓанинот ја губи довербата дека ќе добие правда“, рече Мицкоски и го цитираше Жан-Клод Јункер, поранешниот претседател на Европската комисија:
„Европа не може да биде заедница на интереси ако не е пред сè заедница на вредности.“

Според Мицкоски, правдата е највисока европска вредност.

„Нашата одговорност, како политичари, е да создадеме услови за целосна деполитизација на судството, заштита на обвинителите и судиите од политички и бизнис притисоци, но и поинакви механизми за надворешен надзор и отчетност. Вистинска, а не формална поддршка на институциите за борба против корупцијата. Паралелно со правдата работиме на економска стабилност. Ниту една држава не се развива само со институции – потребна е економија што функционира. Затоа Реформската агенда и Планот за раст мора да оди рака под рака со поддршката на домашните претприемачи, привлекување на странски инвестиции, но и фер пазар каде нема да има монополи, нема фаворизирани играчи и нема административни бариери за реалниот човек“, рече Мицкоски.

Тој нгласи дека Европа бара конкурентност, но и социјална одговорност што значи иновации, но и правични плати, тоа значи раст, но и заштита на работниците.

„Владата која ја предводам е свесна дека без отворен дијалог и вистинско партнерство со граѓанскиот сектор, не може да постигнеме трајни и инклузивни реформи. Затоа, нашата заложба е да ја продлабочиме соработката, преку:
редовни консултации при креирање на политики, обезбедување финансиска и институционална поддршка за невладините организации и унапредување на законската рамка која го гарантира вашето учество во процесите на одлучување.Граѓанскиот сектор ни помага да ги чуеме гласовите кои понекогаш не стигнуваат до институциите – гласот на маргинализираните, гласот на младите, гласот на локалните заедници. Токму затоа, сакаме да изградиме однос којшто ќе се темели на доверба, почит и заедничка визија за подобро утре“, рече Мицкоски.


Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us