РЕГИОН
5 мин читање
Врсничкото насилство го засега здравјето на младите од сите нивоа на економскиот статус
Општо како појава малтретирање помалку се перципира од младите затоа што го чувствуваат како дел од нивното секојдневие и нормализирано е како појава, но кога ќе ги специфицираме колку биле предмет на ширење на лаги и озборување или дофрлување со пог
Врсничкото насилство го засега здравјето на младите од сите нивоа на економскиот статус
Врсничкото насилство го засега здравјето на младите од сите нивоа на економскиот статус / MIA
5 јуни 2025

Врсничкото насилство ги засега здравјето и добросостојбата и на момчињата и на девојчината од сите нивоа на социо-економски статус, возраст и етничка позадина. Особено се ранливи 11-годишните момчиња кои најчесто се наоѓаат и во улога на „жртви“ и во улога на „насилници“ во сите три форми на насилство (малтретирање, сајбер малтретирање и тепачки).

Ова се дел од заклучоците од наодите од Националниот извештај за однесувањата поврзани со здравјето на децата на училишна возраст од истражувањето во 2021/22 година во земјава „Врсничко насилство кај учениците од 11, 13 и 15 години во Република Северна Македонија”. Наодите од студијата се од последниот циклус собирање податоци во 2022 година, изработена од Студијата за однесувањата поврзани со здравјето на децата на училишна возраст  (ХБСЦ) и спроведена од Центарот за психо-социјална и кризна акција – Малинска, со одобрение од Министерството за образование и наука и Бирото за развој на  образованието, во соработка со Фондот за население на Обединетите Нации – УНФПА.

Студијата е изработена од истражувачкиот тим на ХБСЦ – Маја Цветаноска, Лина Ќостарова-Унковска, Шерузе Османи Балажи и Иван Христов.  

Во наодите од истражувањето се посочува дека со возраста, малтретирањето има тенденција да опаѓа, додека сајбер малтретирањето останува исто на сите три возрасти (11, 13 и 15 години). Родовите разлики, како што се нагласува, се традиционално обоени – девојчињата се почесто во улога на „жртви“, а момчињата на „насилници“.

„Пропорцијата на малтретирање на младите, на децата во македонските училишта е во меѓународниот просек на земјите кои биле вклучени во студијата. Од земјите од регионот само Словенија и Бугарија се рангирани повисоко од нашата земја, што значи дека појавата е поприсутна. Во најголем процент жртви на малтретирање се машките, односно момчињата и тоа од 11-годишна возраст. Има тенденција на намалување на оваа појава со годините. Општо како појава малтретирање помалку се перципира од младите затоа што го чувствуваат како дел од нивното секојдневие и нормализирано е како појава, но кога ќе ги специфицираме колку биле предмет на ширење на лаги и озборување или дофрлување со погрдни зборови, гледаме дека има тенденција на зголемување на овие проценти“, истакна Шерузе Османи Балажи, национален ко-координатор на студијата ХБСЦ.

Во однос на категоријата ученици кои малтретирале друг во училиште најмалку 2 до 3 пати месечно во последните месеци, нашата земја е рангирана во топ 10 највисоко рангирани земји и сме над меѓународниот просек на земјите вклучени во истражувањето. Исто така, момчињата од 11-годишна возраст се најповеќе вклучени во оваа појава и малтретирање на други ученици.

„Младите во нашата земја во однос на тоа сајбер малтретирањето, се движиме околу меѓународниот просек на земјите вклучени во истражувањето. Момчињата од 11 години се повеќе погодени од сајбер малтретирање и девојчињата од 13 години. Учениците кои сајбер малтретирале други ученици нивни врсници, ние котираме високо односно сме топ 10 земји што се рангирани највисоко со присуство на оваа појава. Од земјите од регионот помалку е присутно сајбер малтретирање на други ученици во Грција, Албанија, Србија и Хрватска. Во однос на учеството на учениците во тепачки најмалку три пати во последните 12 месеци, нашата држава е под меѓународниот просек  на земјите вклучени во истражувањето. Гледаме дека имаме значајна разлика помеѓу момчињата и девојчињата, а тоа значи дека момчињата покажуваат повеќе инволвирање во тепачки. Тоа има мала тенденција на пораст со годините. Од регионот само Грција и Хрватска се рангирани под нашата земја, односно имаат помалку присутни тепачки помеѓу младите“, рече Османи Балажи.

Во студијата се наведува дека децата изложени на разни видови семејно насилство е многу поверојатно дека ќе се однесуваат насилнички, што го открива трансгенерациското одржување на насилството.

„Децата кои малтретираат имаат многу повеќе искуства со физичка злоупотреба од страна на некој во семејството. Најранливи се момчињата на 11-годишна возраст и 15-годишна возраст. Дури и кај децата кои не учествуваат во малтретирање, момчињата се поранливи, поизложени на физичко малтретирање во семејството од девојчињата. Кога зборуваме за емоционалното малтретирање, иако останува истиот тренд децата кои малтретираат се поизложени на своето животно искуство на емоционално малтретирање во своите семејства. Во оваа категорија, поранливи се 11-годишните момчиња и девојчиња и 13-годишните девојчиња.  Децата кои малтретираат имаат повеќе искуства со сексуална злоупотреба, меѓу нив девојчињата на поголема возраст се понезаштитени. Кај сведочењето на домашно насилство 11-годишните момчиња се најранливи, најмногу известиле дека сведочеле домашно насилство. Со возраста тоа отпаѓа, а кај 13-годишните девојчиња има почести известувања за ова“, нагласи Маја Цветаноска, истражувач во тимот на студијата ХБСЦ. 

По пандемијата со Ковид, наведуваат, сите форми на насилство, во двете улоги на „жртва“ и „насилник“ се во пораст.

„На сите возрасти (11, 13 и 15 години) и кај двата пола во периодот пост ковид во 2022 година, има покачување на процентот пропорциите на учениците кои известиле дека биле малтретирани најмалку 2 до 3 пати во последните неколку месеци и најранливи се момчињата и девојчињата на 11-годишна возраст. И во однос на тие што малтретирале, останува истиот тренд, освен кај 15-годишните момчиња каде има некое намалување во пост ковид, а кај сите останати има нагорен тренд. Кај учениците кои биле сајбер малтретирани, може да се забележи дека има голем пораст кај момчињата и девојчињата од сите возрасти во улога на жртви на сајбер малтретирање. Порастот пост ковид, особено во оваа форма на насилство онлајн е доста зголемен. Има пораст пост ковид на учество во тепачки кај момчињата на 11 години“, рече истражувачката Цветаноска.

Во истражувањето се посочуваат и низа препораки до надлежните институции: Градење култура на ненасилство, прекинување на кругот на насилство, ефективни системи за поддршка на децата и младите, сеопфатни политики за превенција на насилството, програми за унапредување на менталното здравје на децата и младите, зајакнување на протективните фактори, пристапи кон целото училиште.


ИЗВОР:MIA
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us