РЕГИОН
2 мин читање
На домашно лекување денеска се упатуваат 16 пациенти кои се лекуваат во болниците во државава
Тим од пластични хирурзи ќе престојува во Кочани за пациентите кои ќе бидат на домашно лекување откако ќе се вратат од клиниките, да можат да ја добијат потребната поддршка и терапија, а притоа да не патуваат, рече министерот Таравари
На домашно лекување денеска се упатуваат 16 пациенти кои се лекуваат во болниците во државава
„Се надевам дека половина од пациентите од странство ќе се вратат за две недели, рече Таравари / Others
24 март 2025

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари во денешната изјава за медиумите информираше дека вкупно 16 пациенти кои се лекуваат во државава денеска се испишуваат од болница и се упатуваат на домашно лекување.

„Истовремено веќе се подготвуваме за прием на пациенти кои се враќаат од странство. Во моментот се вкупно 115 пациенти надвор од државата. Оваа недела очекуваме 8 пациенти да се вратат во клиниката каде што претходно биле примени и од таму ќе бидат упатени каде треба да продолжат со лекување. Минимум престојот ќе биде ден до два и потоа ќе бидат пуштени дома. Нема да оставиме ништо на случајност. Во моментот 4 пациенти се покритични од тие што се лекуваат надвор од државата. Да се надеваме дека и нивната состојба ќе се подобри“, рече министерот Таравари.

Во моментот во Скопје се лекуваат вкупно 46 пациенти, од кои 26 се во Клинички центар (3 пациенти на КАРИЛ, 6 на пластична хирургија, 11 на токсикологија, 2 на пулмологија, 2 на детска хирургија, 1 на торакална хирургија и 1 на офталмологија). Во ГОБ „8 Септември“ и во Старата градска болница се сместени по 10 пациенти. 

„Се надевам дека половина од пациентите од странство ќе се вратат за две недели, кај некои веќе се прават и други оперативни зафати на кожата, и кај нас и надвор од државата и веќе зборуваме за фаза на рехабилитација, но за тоа дополнително ќе информираме“, истакна министерот.

Воедно, министерот информираше дека тим од пластични хирурзи ќе престојува во Кочани за пациентите кои ќе бидат на домашно лекување откако ќе се вратат од клиниките, да можат да ја добијат потребната поддршка и терапија, а притоа да не патуваат.

„Ние веќе работиме со редовни програми на нашите клиники, и така ќе продолжиме. Денеска зборувавме и за тоа, бидејќи повеќето пациенти се од Кочани, тим од пластични хирурзи ќе бидат во Кочани, ќе одат таму да видат за што има потреби, за да интервенираат кога треба. Штипската болница веќе има четири пластични хирурзи. Ќе бидеме во комуникација, ќе им дадеме поддршка, за да не патуваат пациентите, туку нашите доктори да одат и да им дадат помош која што е потребна“, посочи министерот Таравари.


Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us