РЕГИОН
3 мин читање
Кошта во Подгорица: Црна Гора да го задржи фокусот и да не го забавува напредокот кон ЕУ
Напредокот на Црна Гора е резултат на вашата амбиција, посветена работа и фокус да станете нова членка на ЕУ, Вие постигнувате резултати и одржувате целосна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика, рече претседателот на ЕС
Кошта во Подгорица: Црна Гора да го задржи фокусот и да не го забавува напредокот кон ЕУ
Според него, Црна Гора е еден од најдобрите примери за позитивниот моментум на ЕУ кога станува збор за проширување / AA
14 мај 2025

Црна Гора е еден од најдобрите примери за позитивниот моментум на проширувањето на Европската Унија (ЕУ), изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и додаде дека е клучно земјата да го задржи фокусот и да не го забавува импресивниот напредок.

Кошта е во официјална посета на Црна Гора, на покана на претседателот Јаков Милатовиќ.

На прес-конференцијата со Милатовиќ, тој рече дека проширувањето е најважната инвестиција во стабилноста, мирот и просперитетот во регионот и во Европа.

„Напредокот на Црна Гора е резултат на вашата амбиција, посветена работа и фокус да станете нова членка на ЕУ. Вие постигнувате резултати и одржувате целосна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика, пред сè поддржувајќи го праведниот мир во Украина“, рече Кошта.

Според него, Црна Гора е еден од најдобрите примери за позитивниот моментум на ЕУ кога станува збор за проширување.

Кошта рече дека Европскиот парламент со огромно мнозинство го признал важниот напредок што го постигнала Црна Гора.

„Сега е клучно да го одржите овој пристап, да го задржите фокусот на целта и да не го забавите овој импресивен напредок“, рече Кошта.

Тој изјави дека политичкиот консензус и институционалната стабилност се клучни за постигнување на пристапување во ЕУ.

„Многу е важно да одржувате добри односи со соседите, особено со оние земји кои веќе се членки на ЕУ“, рече Кошта.

Ова, додаде тој, е дел од критериумите за пристап и предуслов за членство.

Одговарајќи на прашањето дали Европскиот совет смета дека договорите како оној меѓу Црна Гора и Обединетите Арапски Емирати, за соработка во областа на туризмот и развојот на недвижности, ги поткопуваат правните стандарди на ЕУ, Кошта рече дека почитувањето на правните текови на ЕУ е основен услов за пристапување.

Тој изјави дека Европската комисија (ЕК) веќе дала оценка за договорот и дека европската комесарка за проширување, Марта Кос, испратила писмо во кое јасно ја дефинира позицијата на ЕК.

„И оваа позиција, можам да ја сумирам во неколку реченици, бара овие договори целосно да го почитуваат европското законодавство, особено кога станува збор за јавни набавки и заштита на животната средина“, рече Кошта.

На прашањето за коалицискиот договор врз основа на кој е формирана германската влада и како тој ќе влијае на процесот на интеграција на земјите од Западен Балкан, тој рече дека проширувањето кон тој регион, како и кон Украина, Молдавија и Грузија, е обврска на ЕУ и дека има целосна поддршка од Германија.

„Имав можност да се сретнам со канцеларот Мерко. Германија продолжува да биде клучен поддржувач на проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан“, рече Кошта.

Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ изјави дека посетата на Кошта претставува силна порака за поддршка на Црна Гора на нејзиниот европски пат.

„Ваквите состаноци потврдуваат дека европската перспектива на регионот, а особено на Црна Гора, останува високо на агендата на ЕУ“, рече Милатовиќ.

Тој додаде дека посетата ја гледа како јасен сигнал за континуиран политички дијалог на највисоко ниво меѓу Црна Гора и ЕУ.

Според Милатовиќ, Црна Гора е горда на својот статус на лидер во европските интеграции.

„И навистина сме решени да го задржиме тој курс. Целта е да станеме следната членка на ЕУ до 2028 година. Свесни сме дека тоа е амбициозна цел, но навистина верувам дека е остварлива“, рече Милатовиќ.

Тој рече дека, во време на геополитички предизвици, политиката на проширување може да се покаже како една од клучните политики на ЕУ и демонстрација на силата на Унијата.

Тој рече дека верува оти на следната Меѓувладина конференција, Црна Гора ќе затвори нови поглавја и ќе постигне уште поголем напредок на европскиот пат до крајот на годината.

Како што нагласи Милатовиќ, Црна Гора од самиот почеток е посветена на регионалната соработка и добрососедските односи.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us