Четворица новинари се убиени во напад на израелската Армија врз дворот на Баптистичката болница Ал-Ахли во Газа.
Според информациите добиени од извор во здравствениот сектор кој побара да биде анонимен, израелската Армија го бомбардирала дворот на Баптистичката болница Ал-Ахли во градот Газа со беспилотни летала.
Во израелскиот напад се убиени четворица новинари, Самир ел-Руфаи, Сулејман Хуџаџ, Исмаил Бад и Ахмед Калџа. Има и неколку повредени новинари.
Израелската Армија, која врши брутални напади врз Појасот Газа, ги цели и цивилните подрачја, како што се болниците, училиштата и шаторите на раселените Палестинци.
Палестинците во Газа велат дека израелската Армија „намерно нишанела новинари за да ги заплаши, со цел на светот да не му ја пренесат вистината за она што се случува таму“.
Најмалку 208 новинари се убиени во израелски напади од октомври 2023 година, според Канцеларијата за медиуми на Владата во Газа.