Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет рече дека „никој не испраќа пораки за воени планови преку апликации“ откако беше објавено дека новинар по грешка бил додаден во групен разговор со високи функционери преку „Сигнал“.
„Никој не испрати такви пораки за воени планови и тоа е сè што имам да кажам за ова прашање“, изјави Хегсет.
Наводно Џефри Голдберг, главен уредник на списанието Атлантик, откри дека по грешка бил додаден во групата на 13 март, откако добил линк за поврзување од советникот за национална безбедност Мајк Волц, два дена пред плановите за воени напади врз Хомен.
Хегсет го нарече Голдберг „лажлив и многу дискредитиран таканаречен новинар кој одново и одново прави кариера од тргување со информации и измама“.
„Ова е човек се занимава со ѓубре“, додаде тој.
Претходно, портпаролот на Советот за национална безбедност Брајан Хјуз изјави дека протечените пораки се очигледно „автентични“.
Голдберг рече дека покрај него, во групата членувале луѓе кои се чини дека ги претставуваат високите функционери на администрацијата на Трамп, вклучително и потпретседателот Џеј-Ди Венс, државниот секретар Марко Рубио, Пит Хегсет и директорката на националното разузнавање Тулси Габард.
Претседателот Доналд Трамп рече дека не знаел за инцидентот кога го прашале за извештајот.
„Не знам ништо за тоа. Ова е првпат што слушам за тоа. Не сум љубител на Атлантик“, рече тој.
Голдберг ги отфрли забелешките на Хегсет, велејќи: „Тоа е лага“.
„Тој испраќаше пораки за воени планови. Тој испраќаше пораки за плановите за напад. Кога цели ќе бидат мета. Како ќе станат мета. Кој беше цел. Кога ќе се случи следната серија напади“, изјави Голдберг за Си-Ен-Ен.
Новинарот рече дека планот не го објавил „затоа што изгледал премногу доверлив“.
Голдберг рече дека имало 18 луѓе во тој разговор и ја напуштил групата кога сгатил сигурен дека разговорот е „веродостоен“.
Демократските пратеници го осудија инцидентот, велејќи дека тоа е кршење на националната безбедност на САД и повикаа на целосна истрага.
„Ова е едно од најневеројатните прекршувања на военото разузнавање какво немало одамна“, рече Чак Шумер лидерот на опозицијата во Сенатот.
„Доволно е лошо што приватно лице е додадено во овој синџир. Многу е полошо што се разменувале чувствителни воени информации на неовластена апликација“, додаде тој.
Хаким Џефрис водачот на опозицијата во Претставничкиот дом рече дека ова е „непромислено, неодговорно и опасно“.
„Апсолутно треба да има конгресна истрага за да можеме да разбереме што се случило, зошто се случило и како да спречиме ваков вид нарушување на националната безбедност да не се повтори“, рече Џефрис.
Во меѓувреме, претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон отфрли каква било потенцијална дисциплинска постапка за Валц и Хегсет.
„Јасно, мислам дека администрацијата призна дека тоа беше грешка и тие ќе се засилат и ќе се погрижат тоа да не се повтори“, им рече Џонсон на новинарите.