Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и генералниот секретар на Советот на Европа Ален Берсет во вторникот разговараа за глобални и регионални прашања.
За време на состанокот со Берсет зад затворени врати, во претседателскиот комплекс во главниот град Анкара, Ердоган рече дека Туркије му придава значење на конструктивниот дијалог со Советот на Европа, се вели во соопштението објавено од Директоратот за комуникации на Туркије.
„Анкара продолжува да соработува со механизмите за човекови права и Советот“, рече тој.
Претседателот на Туркије изрази загриженост поради неодамнешното зголемување на расизмот, исламофобијата и ксенофобијата во Европа и истакна дека Советот на Европа треба да биде почувствителен во борбата против овие прашања.
Потенцирајќи ги израелските масакри во Газа, Ердоган рече дека Европа треба силно да зборува против израелската агресија бранејќи го меѓународното право и човековите права.
На состанокот присуствуваа и турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, директорот за комуникации Фахретин Алтун и Акиф Чагатај Килич, главен советник на Ердоган.