Американскиот претседател Доналд Трамп денеска разговарал за неодамнешните напади со беспилотни летала од страна на Украина врз Русија и Иран со својот руски колега Владимир Путин.
„Тукушто завршив со телефонскиот разговор со претседателот Владимир Путин од Русија. Разговорот траеше приближно еден час и 15 минути. Беше добар разговор, но не разговор што ќе доведе до моментален мир“, рече тој, додавајќи дека Путин му рекол „дека ќе мора да одговори на неодамнешниот напад врз аеродромите“ објави Трамп на Truth Social.
Во врска со тековните разговори за нуклеарната програма на Иран, Трамп рече дека Путин предложил да учествува во дискусиите.
„Според мое мислење, Иран го забавува донесувањето одлука за ова многу важно прашање и ќе ни треба дефинитивен одговор за многу краток временски период“, додаде тој.