Андоновски: Во октомври ќе се промовира апликација за електронска лична карта и возачка дозвола
Андоновски, најавува дека на дигиталниот самит во Скопје на 1 и 2 октомври годинава ќе биде промовирана тест-верзијата на апликацијата за првите корисници да можат да ја симнат на својот мобилен телефон и да ја користат
Андоновски: Во октомври ќе се промовира апликација за електронска лична карта и возачка дозвола
Андоновски: Во октомври ќе се промовира апликација за електронска лична карта и возачка дозвола / ТРТ Балкан МК
3 јуни 2025

Министерството за дигитална трансформација на Република Северна Македонија работи на дигитална апликација преку која граѓаните ќе имаат лична карта и возачка дозвола во електронски облик, а ќе имаат пристап и до најновите услуги или најбараните услуги, најави министерот Стефан Андоновски.

Андоновски, во интервју за „360 степени“ на државната телевизија МРТ, вели дека станува збор за „дигитален паричник“, што многу наликува на „Гугл волет“ или „Епл волет“, што значи дека електронската верзија на личната карта и возачката дозвола ќе бидат спакувани во апликацијата и ќе може граѓаните да ја покажат за да се легитимираат. Во втора фаза на проектот, како што најави, ќе биде овозможено и електронско потпишување и целосна биометриска верификација.

„Добивме позитивен одговор од програмата „Дигитална Европа“, реализацијата требаше да започне во јануари 2025 година, но поради интерни процедури во Европска Унија почетокот беше највен за јуни 2025 година и ние подготвувајќи се, ја имаме модел-верзијата на апликацијата“, изјави Андоновски, посочувајќи дека станува збор за проект што е меѓународно партнерство со Министерството за дигитална трансформација на Украина, заедно со програмата „Дигитална Европа“ од којашто е добиен грант од над еден милион евра.

Андоновски, најавува дека на дигиталниот самит што ќе се организира во Скопје на 1 и 2 октомври годинава ќе биде промовирана тест-верзијата  или демоверзијата на апликацијата за првите корисници да можат да ја симнат на својот мобилен телефон и да ја користат.

Апликацијата, посочи Андоновски, засега ќе чини бесплатно затоа што добивме грант од над еден милион евра од „Дигитална Европа“ од ЕУ и дополнително средства за развој на порталот за услуги, на којшто оваа апликација му е практично близнак. 

Во првата фаза, според Андоновски, граѓаните нема да имаат никакви трошоци, додека во следната фаза кога ќе се вклучи дигиталниот потпис, биометриската верификација, може да се појавуваат некакви трошоци.

Андоновски, меѓу другото, посочува дека новиот закон за сајбер безбедност ќе ги зајакне институциите во превенција од хакерски напади, посочувајќи дека законот предвидува формирање неколку тела – Национален координативен совет за сајбер безбедност, Сектор за сајбер безбедност (во МДТ) и владин центар за одговор на инциденти.

Прашан дали Владата планира носење регулатива за криптовалути, Андоновски, вели дека иднината на финансискиот сектор се криптовалутите и доколку светот се движи во оваа насока, земјава нема друга опција освен да размислува за регулација.

Според министерот, земјава е соочена со два предизвици во моментов – едниот е да се прифати реалноста и да се признае дека криптовалутите постојат и се тргуваат во Македонија, а другиот е дека преку исполнувањето на целите на Реформската агенда се движи кон Европската Унија и оти треба да се следи регулативата на Унијата.

ИЗВОР:MIA
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us