ВОЈНА ВО ГАЗА
2 мин читање
Историјата што Израел се обидува да ја уништи „со голи раце“ се вади од урнатините во Газа
Технички тим се труди да извлече ракописи стари од пет до седум века, документи и илјадници ретки книги од библиотеката на Големата џамија Омари и „со голи раце“ да го спаси историското и религиозното наследство на Палестина
Историјата што Израел се обидува да ја уништи „со голи раце“ се вади од урнатините во Газа
Досега од урнатините се извадени 123 од 228 ракописи и 36 од 78 документи на библиотеката / AA
11 март 2025

Министерството за фондации во Газа се обидува меѓу урнатините да ја „пронајде историјата“ што Израел ја уништи, известува Анадолу.

Според податоците објавени од Министерството за фондации на 18 февруари, Израел целосно уништил 834 од 1.244 џамии во Газа, а 275 се делумно уништени.

Големата џамија Омари и нејзината библиотека, позната како најголема и најстара џамија во Појасот Газа, исто така, сериозно се оштетени во овие напади. Библиотеката, која ги затвори вратите за посетителите кога започнаа нападите во октомври 2023 година, беше уништена на 8 декември 2023 година во нападот врз Големата џамија Омари, која постои речиси 1.400 години.

Во моментов технички тим, кој е дел од Министерството, се труди да извлече ракописи стари од пет до седум века, документи и илјадници ретки книги од библиотеката на Големата џамија Омари и „со голи раце“ да го спаси историското и религиозното наследство.

Станува збор за трета по големина библиотека во Палестина.

Ханин ал-Амаси, директор на Тимот за реставрација на колекцијата на ракописи од џамијата Омари, за АА зборуваше за нивните напори да ги спасат ракописите и другите дела што се наоѓаа во библиотеката на џамијата Омари.

Амаси рече дека досега од урнатините извадиле 123 од 228 ракописи и 36 од 78 документи на библиотеката.

Истакнувајќи дека состојбата на ракописите е „жална“, Амаси рече дека овие дела, кои останаа под урнатините 500 дена, скапуваат поради влагата.

Изјавувајќи дека во библиотеката има ракописи стари од 500 до 700 години, кои датираат од мамелучкиот до доцниот османлиски период, Амаси штетата што Израел ја нанесе ја опиша со зборовите: „Луѓето, структурите, па дури и ракописите беа подложени на геноцид.“

Директорот Амаси додаде дека како Оддел за ракописи поврзан со Министерството за фондации во моментов работат на извлекување на ракописите, по што ќе се обидат да ги зачуваат овие дела и да ги вратат во нивната предвоена состојба.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us