РЕГИОН
3 мин читање
Романската влада го преживеа гласањето за недоверба
Предлогот на крајно десничарската опозиција доби 134 гласа „за“ од потребните 233 за соборување на владата на премиерот Илие Болојан, со што отворен патот за усвојување на контроверзен фискален пакет за намалување на буџетскиот дефицит
Романската влада го преживеа гласањето за недоверба
Опозицијата ја обвини Владата дека наметнува штедење врз граѓаните со ниски приходи, а ги задржува привилегиите за функционерите / AP
15 јули 2025

Коалициската влада на Романија, предводена од премиерот Илие Болојан, преживеа гласање за недоверба во парламентот, отворајќи го патот за усвојување на контроверзен фискален пакет за намалување на растечкиот буџетски дефицит.

Предлогот поднесен од крајно десничарската опозиција доби 134 гласа „за“, далеку помалку од 233 потребни за соборување на владата, објави Радио Романија во понеделник.

Пратениците од владејачките партии беа присутни на дебатата, но се воздржаа од гласање.

Администрацијата на Болојан го поврза својот политички опстанок со усвојувањето на фискалниот план, повикувајќи на гласање за недоверба за да се забрза усвојувањето на законот.

Со оглед на тоа што предлогот сега е отфрлен, мерките се сметаат за усвоени и ќе бидат испратени за објавување, освен ако не бидат оспорени од Уставниот суд во рок од два дена.

Фискалниот пакет вклучува зголемување на данокот на додадена вредност, повисоки акцизи и други давачки што треба да стапат во сила во август.

Владата тврди дека мерките се неопходни за да се спречи потенцијално намалување на кредитниот рејтинг на Романија и да се обезбедат дополнителни средства од ЕУ.

Обраќајќи се пред парламентот пред гласањето, Болојан го бранеше пакетот, велејќи дека е неопходен за стабилизирање на јавните финансии.

„Да ѝ не се потсмеваме на оваа земја. Да се обидеме да го направиме она што велиме дека ќе го направиме и да не даваме ветувања што не можеме да ги исполниме. Да го почитуваме романскиот народ“, рече тој.

Пратениците од опозицијата, вклучувајќи ги и оние од Алијансата за унија на Романци (AУР), СОС Романија и Партијата на младите, ја обвинија владата дека наметнува штедење врз граѓаните со ниски приходи, а воедно ги задржува привилегиите за функционерите.

„Ова е влада што ги намалува приходите на мајките, студентите, пензионерите“, рече лидерот на AУР, Георге Симион, кој неодамна загуби на претседателските избори, откако имаше убедливо водство во првиот круг.

„Имате пет вицепремиери, секој со пет секретари и повеќе владини резиденции. И барате од Романците да се жртвуваат“, додаде тој.

Четирипартитна проевропска коалиција ја презеде власта кон крајот на јуни, со што заврши неколкумесечниот политички ќорсокак. Но тензиите веќе се појавуваат во рамките на блокот.

Иако сите владејачки партии го поддржаа зголемувањето на даноците, Социјалдемократската партија (ПСД), најголемата во коалицијата, изрази критика, предупредувајќи за „апсурдни“ елементи во пакетот.

Романија моментално има најголем буџетски дефицит во ЕУ, а официјалните лица предупредија дека неактивноста може да ја загрози економската стабилност и пристапот до фондовите на ЕУ за закрепнување.

Опозицијата вети дека ќе поднесе дополнителни предлози за недоверба во наредните месеци.

Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us