КУЛТУРА
4 МИН ЧИТАЊЕ
Истражување: Се сменија најчестите симптоми на Ковид 19
Најчесто пријавените симптоми на Ковид-19 во последните недели се сменија во споредба со времето кога коронавирусот почна да се шири низ светот, покажа истражување спроведено неодамна.
Истражување: Се сменија најчестите симптоми на Ковид 19
Истражување: Се сменија најчестите симптоми на Ковид 19      Фото: pexels.com / x
27 октомври 2022

На почетокот на пандемијата на коронавирус, симптомите на кои требаше да се внимава беа губење на мирис, отежнато дишење и треска, но оттогаш типичните симптоми на Ковид 19 целосно се променија.

Најчесто пријавените симптоми на Ковид-19 во последните недели се сменија во споредба со времето кога коронавирусот почна да се шири низ светот, покажа истражување спроведено неодамна.

Главните симптоми беа во голема мера слични без оглед на статусот на вакцинација, според Zoe Health Study, долгорочен истражувачки проект со седиште во Велика Британија што го следи вирусот преку апликацијата Covid Symptoms Tracker. Преку апликацијата, пациентите сами го пријавуваат своето искуство со Ковид-19.

Последните информации објавени на 20 октомври укажуваат дека „симптомите се менуваат со развојот на варијантите на вирусот“.

Четири од петте главни симптоми на Ковид-19 биле исти за учесниците кои примиле две дози од вакцината, една доза од вакцината и оние кои не биле вакцинирани, според истражувањето.

Овие симптоми биле главоболка, постојана кашлица, болки во грлото и течење на носот.

Сепак, главните симптоми се разликуваат во рангирањето за секоја група на статус на вакцинација, покажа студијата.

Дополнително, секоја група пријавила по еден различен симптом на Ковид-19 што влегла во првите пет.

За оние кои примиле две дози од вакцината Ковид-19, затнатиот нос бил вклучен во првите пет симптоми, додека не бил во првите пет за другите групи.

Еве како се рангирани првите пет симптоми за групата луѓе кои примиле две дози од вакцината, според студијата:

1. Болки во грлото

2. Течење на носот

3. Затнат нос

4. Постојана кашлица

5. Главоболка

Претходно, губењето на мирис, отежнато дишење и треска се сметаа за почести симптоми на ковид-19 за оние кои се вакцинирани со две дози, според студијата.

Во групата пациенти кои примиле единечна доза од вакцината, кивањето било вклучено во петте главни симптоми на групата, но не и во другите две групи.

Во таа група доминираа овие пет симптоми:

1. Главоболка

2. Течење на носот

3. Болки во грлото

4. Кивање

5. Постојана кашлица

Во невакцинираната група, учесниците пријавиле покачена температура почесто од другите групи, според истражувањето. Како резултат на тоа, треската беше меѓу првите пет најчести симптоми кај луѓето кои не примиле вакцина против Ковид-19.

Ова се првите пет најчести симптоми за оние кои не биле вакцинирани, според истражувањето:

1. Главоболка

2. Болки во грлото

3. Течење на носот

4. Треска

5. Постојана кашлица

Студијата се засноваше на дневни извештаи на пациенти и не ги зема предвид варијантите на Ковид-19 или демографијата на учесниците, според Zoe Health.

Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), има многу други симптоми на ковид-19, вклучувајќи замор, гадење, болки во телото и многу повеќе.

Некои луѓе кои биле заразени со коронавирус се соочуваат со продолжен ковид, кога симптомите на вирусот траат подолго од почетната инфекција.

Истражувањето на ЦДЦ објавено во мај покажа дека околу еден од пет возрасни може да развие барем еден долгорочен симптом на Ковид-19 по инфекцијата.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us