СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Британската влада прв пат по 30 години издаде дозвола за рудник за јаглен
Гринпис во соопштението рече дека Велика Британија „избра да биде суперсила во климатското лицемерие“ наместо лидер во свесноста за климата
Британската влада прв пат по 30 години издаде дозвола за рудник за јаглен
Експертите наведуваат дека кога рудникот ќе профункционира ќе предизвикува 400.000 тони стакленички гасови годишно.         Фото: Ројтерс архива / Others
8 декември 2022

Британската влада за прв пат по 30 години даде дозвола за рудник за јаглен во таа земја.

Британското министерство за развој и социјално домување одобри проект за рудник за јаглен во северозападна Камбрија, се вели во владиното соопштение.

„Овој јаглен ќе се користи во фазата на производство на челик, кој доколку не се произведува во земјава ќе треба да се увезува од странство. Не се користи за производство на електрична енергија“, објасни портпарол на министерството.

Во британските медиуми беше наведено дека од рудникот се очекува да се вадат 2,8 милиони тони јаглен годишно со инвестиција од 165 милиони фунти, а беше истакнато и дека Владата за прв пат дала дозвола за рудник во последните 30 години.

Експертите наведуваат дека кога рудникот ќе профункционира ќе предизвикува 400.000 тони стакленички гасови годишно.

Гринпис во соопштението рече дека Велика Британија „избрала да биде суперсила за климатското лицемерие“ наместо да биде лидер во подигањето на свеста за климата.

Британската влада претходно објави дека има за цел да постигне нула емисии на јаглерод во земјата до 2050 година.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us