СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Русија го започна 36-часовниот едностран прекин на огнот во Украина
Претседателот Владимир Путин нареди вчера прекин на огнот долж целата линија на контакти во Украина по повод христијанскиот празник Божиќ.
Русија го започна 36-часовниот едностран прекин на огнот во Украина
Русија го започна 36-часовниот едностран прекин на огнот во Украина / Photo: AA Archive
6 јануари 2023

Рускиот претседател Владимир Путин вчера му нареди на министерот за одбрана Сергеј Шојгу прекин на огнот долж целата линија на контакти во Украина од 12 часот по локално време (9.00 GMT) во петок, 6 јануари, до полноќ (21.00 GMT) во сабота, 7 јануари.

„Со оглед на фактот дека во воените зони живее голем број православни верници, ја повикуваме украинската страна да прогласи прекин на огнот и да им пружи можност да присуствуваат на богослужбите на Бадник и Божиќ“, рече Путин.

Претходно вчера, патријархот Кирил, водачот на Руската православна црква, повика на примирје во Украина за Божиќ кој повеќето православни христијани го слават на 7 јануари.

Реакција од Украина до Русија: Задржете го лицемерството за себеСоветникот на украинскиот претседател Михаил Подољак го осуди предлогот на Русија еднострано да прогласи примирје во пресрет на празникот Божиќ.„Првин, Украина не напаѓа странска територија и не убива цивили како што тоа го прави Руската Федерација. Украина ги уништува само припадниците на окупациската војска на своја територија“, напиша Подуљак на Твитер.Тој побара Русија „да ги напушти окупираните територии“, истакнувајќи дека само тогаш ќе има „привремено примирје“. „Задржете го лицемерството за себе“, напиша тој.Украинскиот претседател Владимир Зеленски во обраќањето до јавноста доцна вечерта ја обвини Русија дека го користи прекинот на огнот како параван за запирање на военото напредување на Киев.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us