СПОРТ
2 мин читање
Средба Омерагиќ-Инфантино: ФФМ ќе инвестира во создавање услови со кои вистински се развива фудбалот
„Инфантино го поздрави концептот и најави дека ќе го сподели како позитивен пример на следните состаноци на ФИФА. ФФМ изразува искрена благодарност за приемот и вниманието што претседателот на ФИФА го посвети на македонскиот фудбал.“
Средба Омерагиќ-Инфантино: ФФМ ќе инвестира во создавање услови со кои вистински се развива фудбалот
Средба Омерагиќ-Инфантино: ФФМ ќе инвестира во создавање услови со кои вистински се развива фудбалот / TRT Balkan
23 јуни 2025

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, оствари средба со претседателот ФИФА, Џани Инфантино во рамки на официјалниот самит на Светската фудбалската Асоцијација во Мајами, САД. 

На средбата се разговараше за идните правци во развојот на фудбалот во Македонија и поддршката од ФИФА, соопшти ФФМ на 21 јуни.

Како што информираат оттаму, претседателот Масар Омерагиќ истакна дека „ФФМ нема да инвестира во празни форми, туку во суштина, односно во терени, рефлекторско осветлување и услови каде што навистина се развива фудбалот. “

„Нашата визија се мали, но квалитетни стадиони. Не трибини без публика, туку терени, таму каде што почнува фудбалот,“ порача Омерагиќ. 

Од ФФМ додаваат дека ваквиот пристап бил поддржан од Инфантино, кој посочил дека и во рамки на ФИФА се води токму таква стратешка дискусија, подобро е мал, но квалитетен стадион, отколку голем објект без содржина.

Дополнително, информираат од ФФМ, презентирана е иницијативата на ФФМ клубовите да добиваат бесплатна опрема со услов да не се продава, туку да се донира на младите категории и децата. 

„Инфантино го поздрави концептот и најави дека ќе го сподели како позитивен пример на следните состаноци на ФИФА. ФФМ изразува искрена благодарност за приемот и вниманието што претседателот на ФИФА го посвети на македонскиот фудбал“, се наведува во соопштението од ФФМ.

Воедно, како што истакнуваат, од страна на првиот човек на македонскиот фудбал упатена е покана до претседателот на ФИФА за официјална посета на земјава.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us