СВЕТ
4 МИН ЧИТАЊЕ
Чавушоглу: Меѓународна солидарност и дава сила на Туркије по земјотресот
„Гледаме силна меѓународна солидарност во време на катастрофата низ која минуваме. Оваа поддршка не само што ни дава морал, туку ни дава и сила“, изјави Чавушоглу пред амбасадорите на ЕУ во Туркије и другите европски дипломати во Анкара.
Чавушоглу: Меѓународна солидарност и дава сила на Туркије по земјотресот
Чавушоглу: Меѓународна солидарност и дава сила на Туркије по земјотресот / Photo: AA
9 март 2023

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денес изјави дека Туркије ја согледала „силната меѓународна солидарност“ по минатомесечните смртоносни земјотреси што ги потресоа јужните области на земјата.

„Имаме фраза „Обединети стоиме, обединети сме посилни“ и веруваме во ова. Знам дека и многу европски земји ја користат оваа фраза. Сега гледаме силна меѓународна солидарност во време на катастрофа низ која минуваме. Оваа поддршка не само што ни дава морал, туку ни дава и сила“, изјави Чавушоглу во својата обраќање пред амбасадорите на ЕУ во Туркије и другите европски дипломати во Анкара.

Тој рече дека примарно на агендата на средбата со дипломатите е земјотресот од 6 февруари, додавајќи дека има граѓани и од други земји кои исто така ги загубиле животите во силните земјотреси што ја потресоа Туркије на 6 февруари.

„Доживеавме катастрофа што доведе до големи човечки загуби и уништувања во историјата на нашата Република. Ова е несекојдневна природна катастрофа што се случи во една европска земја еднаш во столетие“, рече тој.

Повикувајќи на заедничко дејствување за во врска со тематиките што му се закануваат на човештвото, Чавушоглу рече дека Туркије е „најдобротворната земја во светот според нејзиниот национален приход“ бидејќи била покрај секој кому му е потребна помош“.

Потсетувајќи на неговото учество на неодамнешниот состанок на министрите за надворешни работи на Г-20 во индискиот главен град Њу Делхи и на 5-та конференција на ОН за најмалку развиените земји (LDC5) во Доха, главниот град на Катар, Чавушоглу продолжи со зборовите: „Видовме дека сите земји се на нашата страна, од најразвиените до најнеразвиените земји“.

„Европската унија со нејзините земји членки, земјите кандидати и институциите има голем удел во оваа поддршка“, истакна Чавушоглу.

Чавушоглу исто така им се заблагодари на сите земји кои испратиле свои официјални лица во солидарни посети на Туркије и нејзините региони погодени од земјотресот.

Истакнувајќи дека тимовите за брза помош и пребарување и спасување на ЕУ биле веднаш испратени во Туркије, Чавушоглу рече дека неговата земја „ќе продолжи со соработката со ЕУ во процесите за закрепнување и обнова во наредниот период“.

„Туркије, се разбира, е важна земја во нашиот заеднички дом - Европа. Туркије е или сосед, трговски партнер или сојузник на многу земји кои се овде денес“, рече Чавушоглу, додавајќи дека земјотресот уште еднаш не потсетил не само на нашето соседство, пријателство и сојуз, туку и на нашите човечки врски.

Тој изрази надеж дека овој дух на солидарност, сојузништво и пријателство ќе се одрази врз сите димензии на односите меѓу Туркије и ЕУ во наредниот период и рече:

„Регионалните и меѓународните случувања покажуваат колку е важна нашата соработка на глобално ниво“.

На 6 февруари, два силни земјотреси - со магнитуда 7,7 и 7,6 степени - ја погодија јужна Туркије.

Масивните потреси, со центар во областа Кахраманмараш, потресоа и 10 други области - Хатај, Газиантеп, Адијаман, Малатја, Адана, Дијарбакир, Килис, Османије, Шанлиурфа и Елазиг.

Повеќе од 46.100 луѓе загинаа во земјотресите, околу 13,5 милиони луѓе се погодени, а илјадници згради се уништени.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us