КУЛТУРА
4 МИН ЧИТАЊЕ
Туркије и Северна Македонија потпишаа Договор за културна соработка
Во фокусот на средбата беше новиот Договор за културна соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Туркије, кој од името на двете влади го потпишаа министрите Костадиновска-Стојчевска и Мехмет Нури Ерсој.
Туркије и Северна Македонија потпишаа Договор за културна соработка
Туркије и Северна Македонија потпишаа Договор за културна соработка / Photo: Министерство за култура на РСМ
7 април 2023

Турскиот министер за култура Мехмет Нури Ерсој престојува во посета на Северна Македонија во рамките на која се состана со македонската министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Во фокусот на средбата беше новиот Договор за културна соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Туркије, кој од името на двете влади го потпишаа министрите Костадиновска-Стојчевска и Ерсој, информираше македонското Министерство за култура.

Договорот за културна соработка нуди можности за развој во односите

„Билатералните односи меѓу Северна Македонија и Туркије се одвиваат во духот на традиционалното пријателство и партнерство и во таа смисла, Договорот кој денеска го потпишавме со сигурност ќе ги продлабочи и онака добрите културни врски меѓу институциите од двете држави, ќе ја стимулира размената на авторите, репродуктивните уметници и ансамблите, ќе го поттикне користењето на ресурсите што се поседуваат, ќе го зацврсти партнерскиот однос на институциите од државите и нивната соработка со меѓународните организации“, истакна Костадиновска-Стојчевска.

Можности за побогата културна соработка

Двајцата министри, задоволни од досегашната соработка, изразија подготвеност таа да продолжи преку реализација на уште многу нови иницијативи и проекти со кои ќе се интензивира соработката во делот на културата.

„Задоволни сме од досегашната соработка на уметниците, институциите и здруженијата од културата, од двете земји, особено во литературната, фолклорната и драмската дејност. Уверена сум дека со денешното потпишување на новиот Договор за културна соработка, ќе овозможиме уште побогата институционална соработка, реципрочно користење на капацитетите на институциите, заеднички проекти и иницијативи“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката за култура на средбата нагласи дека Република Северна Македонија обрнува големо внимание на реализацијата на проекти со кои се унапредуваа дејствувањето на турската заедница во државава.

„Еден од нив е проектот за нов Турски театар, со чијашто изградба турската заедница ќе добие театарско здание според светски стандарди. Објектот е веќе изграден до фазата затворена карабина, без фасада. Во таа смисла, на средбата го актуелизиравме прашањето за учеството на турската страна во комплетното завршување на објектот, имајќи го предвид потпишаниот Меморандум“, додаде министерката за култура.

Во тој контекст, сопоред соопштението, министерката Костадиновска-Стојчевска изразила уверување и дека наскоро ќе се изнајде решение и за проектот за реставрација и адаптација на објектот Куршумли ан, за активностите на културниот центар „Јунус Емре“ и „изрази уверување дека со поддршка од министерот Ерсој, наскоро ќе почне реставрацијата на објектот.“

Меѓу другото, се наведува дека министерката Костадиновска-Стојчевска, поздравувајќи го завршувањето на проектот за реставрација и конзервација на Султан-муратовата џамија во Скопје, ја истакна и „одличната соработка со Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) со која досега се реализирани повеќе проекти од областа на заштитата на културните знаменитости, со посебен акцент на спомениците од османлискиот период.“

Министрите Костадиновска-Стојчевска и Ерсој ја потенцираа и одличната соработка меѓу Националните комисии за УНЕСКО бидејќи, според соопштението, со заеднички заложби се придонесува за промоција на традиционалните вредности кои се дел од светското културно наследство.

Двајцата соговорници изразија уверување дека успешната соработка и планираните активности во областа на културата ќе продолжат и во иднина со истиот интензитет и поддршка од двете страни.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us