СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Ердоган: Првите куќи за селата ќе ги испорачаме за време на Рамазан Бајрам
„Интензивно ги продолжуваме нашите напори за расчистување на урнатините. Иако изградбата на нашите постојани резиденции продолжува непречено, ветивме дека ќе ги завршиме во рок од една година“
Ердоган: Првите куќи за селата ќе ги испорачаме за време на Рамазан Бајрам
Ердоган, исто така, рече дека отстранувањето на урнатините ќе биде завршено во сите области, освен во Хатај, до почетокот на Рамазан Бајрам на 21 април.                  Фото: АА / Others
13 април 2023

Туркије интензивно работи на отстранување на урнатините во подрачјата што на почетокот на февруари беа погодени од разорните земјотреси, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Интензивно ги продолжуваме нашите напори за расчистување на урнатините. Иако изградбата на нашите постојани резиденции продолжува непречено, ветивме дека ќе ги завршиме во рок од една година“, рече Ердоган за време на обраќањето до погодените од земјотресот и тимовите за пребарување и спасување во главниот град Анкара.

Туркије планира да изгради доволно згради за една година за да ги задоволи потребите на луѓето погодени од земјотресот.

Ердоган претходно вети дека во првата година ќе бидат изградени 319.000 домови, а вкупно 650.000.

Два разорни земјотреса со магнитуда од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала ги погодија јужните делови на Туркије на 6 февруари со епицентар во Кахраманмараш.

Бројот на загинати во разорните земјотреси во Јужна Туркије достигна 50.096. Околу 14 милиони луѓе во Туркије се погодени од разорните земјотреси, како и многу на северот на Сирија.

Ердоган, исто така, рече дека отстранувањето на урнатините ќе биде завршено во сите области, освен во Хатај, до почетокот на Рамазан Бајрам на 21 април.

„Првите куќи за селата ќе ги испорачаме за време на Рамазан Бајрам“, рече турскиот претседател.

Ердоган наведе дека во зоната на земјотресот се планира да се изградат 650.000 нови домови, од кои 507.000 станови и 143.000 селски куќи.

Околу 319.000 ќе им бидат на располагање на корисниците во рок од една година.

ИЗВОР:AA
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us