КУЛТУРА
3 МИН ЧИТАЊЕ
Резерват Арас во Игдир: Рај за птиците што мигрираат меѓу Африка и Русија
„Долината Арас е еден од најпродуктивните миграциски патишта на ова широко подрачје. Затоа, ова е подрачје што дава важен научен придонес.“
Резерват Арас во Игдир: Рај за птиците што мигрираат меѓу Африка и Русија
Научното прстенување на птиците е метод на истражување заснован врз индивидуално обележување на дивите птици. / Others
7 мај 2023

Во птичјиот резерват Арас во подрачјето на турски Игдир започна процесот на прстенување на птиците.

Во Центарот за истражување на птиците Арас во селото Јукари Чијрикли, во областа Тузлуџа, од 2006 година се спроведуваат активности за прстенување на локалните птици, како и на птиците преселници, а потоа нивните движења се следат со помош на сателитски предаватели.

Со одобрение од Генералниот директорат за зачувување на природата и национални паркови, активностите ги спроведува Здружението КузејДога во поширокото подрачје на долината Арас, која ја користат птиците што мигрираат меѓу Африка и Русија и која е позната како еден од најважните миграциски патишта на птиците преселници во светот.

Оваа година започна 18-от процес на прстенување на птиците што секоја година го спроведуваат волонтери и истражувачи од неколку држави.

Според локалните власти, досега во подрачјето се прстенувани над 170.000 птици.

Кајахан Агиркаја, директор на Центарот за истражување на птици Арас, во разговорот за Анадолу истакна дека овие активности почнуваат секоја година со доаѓањето на пролетта, а процесот на прстенување на птиците продолжува до крајот на есента.

Тој рече дека годинава активностите на прстенување не можеле да се изведат брзо поради временските услови.

„Оваа година 18-ти пат по ред вршиме прстенување на птиците. Досега, за околу 45 дена оваа година, прстенувавме 1.200 птици од 61 вид“, рече Агиркаја.

Рече дека во изминатите 18 години собрале многу важни и корисни податоци.

„Досега прстенувавме повеќе од 170.000 птици. Околу 205 вида птици на кои им ставивме прстени ни покажуваат колку е навистина важна долината Арас“, додаде тој.

Агиркаја истакна дека активностите и студиите спроведени во долината Арас дале значаен придонес за светската орнитологија, односно гранката на зоологијата што се занимава со птици.

„Ова подрачје, кое е еден од важните миграциски патишта на птиците, всушност е миграциска маршрута од големо значење за целиот свет, особено што се наоѓа на миграциската линија од Африка што продолжува на север кон Русија и земјите од Источна Европа“, рече Агиркаја и додаде:

„Долината Арас е еден од најпродуктивните миграциски патишта на ова широко подрачје. Затоа, ова е подрачје што дава важен научен придонес.“

Научното прстенување на птиците е метод на истражување заснован врз индивидуално обележување на дивите птици.

Сите птици по постапката на прстенување веднаш се пуштаат неповредени на слобода на местото каде што се фатени.

Секое забележување на прстенувана птица, дали од далечина, повторно ловење и ослободување или пронаоѓање мртва птица, раскажува за нејзиниот живот, особено за нејзината патека на движење.

ИЗВОР:AA
Повеќе
ЕУ: Подготвуваме противмерки за царините на Трамп, последиците ќе бидат страшни за милиони луѓе
Трамп прогласи економска независност и воведе реципрочни тарифи ширум светот
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Министерот Фидан ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел
Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар надмина 3.000
Произраелските групи притискаат да се прекине мандатот на Франческа Албанезе во ОН
Протест во Сараево поради лошата економска ситуација и високите трошоци за живот
Сојузот на синдикати на С. Македонија на протест, бара зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристин Лагард: Тарифите на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот
Сијарто најави дека Унгарија и Србија ќе градат нов нафтовод до 2028 година
Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани
Косово сака да потпише договор за стратегиска соработка со Велика Британија во областа на одбраната
Мицотакис: Грција има намера да потроши 25 милијарди евра за одбрана во наредните години
Вучевиќ: СНС утре ќе дојде на консултации кај Вучиќ со неколку имиња за мандатарот на новата влада
Кандидатот за врховен судија во кој Маск вложи милиони долари загуби на изборите во Висконсин
Погледнете во TRT Global. Споделете го своето мислење!
Contact us